Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџинија Мајо и Харолд Расел. Во филмот се обработува приказната за тројца американски војници кој се обидуваат да си ги средат своите живот по враќањето од Втората светска војна. За продуцирањето на овој филм, Семјуел Голдвин бил инспириран откога прочитал колумна за ветерани објавена во магазинот Тајм на 7 август 1944, во која биле опишани тешкотиите на војниците по нивното враќање од војна и живеење како цивили. Голдвин најмил поранешен воен репортер за да напише сценарио. Неговото дело, најпрво било објавено како новела именувана „Слава за мене“.Орис, 1984, стр. 119.Емануел Ливај. „Преглед: „Најдобрите години од нашиот живот“ (1946). emanuellevy.com, 4 мај 2010. Проверено на 20 ноември 2011. Подоцна, Роберт Шервуд ја адаптирал новелата на сценарио.
„Најдобрите години од нашиот живот“ освоил седум оскари во 1946, меѓу кои и оскар за најдобар филм, оскар за најдобар глумец, оскар за најдобар глумец во споредна улога, оскар за најдобра монтажа, оскар за најдобро адаптирано сценарио и оскар за најдобар резултат."19. доделување на оскари, номинации и победници. oscars.org. Проверено на 20 ноември 2011. Филмот веднаш добил пофални критики и набрзо станал најголемиот комерцијален успех по издавањето. Во САД и Обединетото Кралство, Најдобрите години од нашиот живот станал најпосетениот филм по издавањето на „Однесени од виорот“. Во ОК се наоѓа на шестото место на најпосетени филмови на сите времиња со продадени над 20 милиони билети."BFI'S Ultimate Film Chart." BFi.org.uk. Проверено на 27 јули 2010. Како филм меѓу оние со највисока гледаност, при продажбата на билети ја надминал сумата од 20,4 милиони долари.Топ 100 филмови. Channel 4. Проверено на 25 октомври 2010.
Награди Награда Резултат Победник Најдобар филм „Samuel Goldwyn Productions“ (Семјуел Голдвин, продуцент) Најдобар режисер Вилијам Вајлер Најдобар глумец Фредрик Марч Најдобро адаптирано сценарио Роберт И. Шервуд Најдобар глумец во споредна улога Харолд Расел Најдобра монтажа Дениел Мендел Најдобра музика Хјуго Фридхофер Најдобар звук Гордон И. Сојер Победил Џон П. Ливадри за филмот Приказната Џолсон Почесна награда На Харолд Расел
Наводи
Надворешни врски
. . . Најдобрите години од нашиот живот детална анализа на „Film Site“ од Тим Диркс. Најдобрите години од нашиот живот колумна за филмот на „Reel Classics“. Вклучува и МП3. Најдобрите години од нашиот живот на мрежното место „Golden Years“. Најдобрите години од нашиот живот на „Screen Guild Theater“: 24 ноември 1947 Најдобрите години од нашиот живот на „Screen Directors Playhouse“: 17 април 1949
ККатегорија:Филмови засновани на романи
Категорија:Филмови од 1946 година Категорија:Американски филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови за Втората светска војна