Забрчани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Забрчани се наоѓа во североисточниот дел на Прилепско Поле, под северозападните падини на планината Злато, на југоисточната страна од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 5,2 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 14 км.

Историја Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.„Забрчани“. OldPrilep. 16 октомври 2014.

Во Првата балканска војна, 3 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848.

Во летото 2007 година, околината на селото била зафатена од пожари.Радио Слободна Европа: Прилеп: Целосно под контрола двата пожари во прилепско Во јули 2008, Забрчани и соседното село Мало Мраморани, ги зафаќа силен град, кој предизвикува огромна материјална штета - целосно уништување на неосигураниот земјоделски годишен род на тутун, лубеница и пченка.КИРИЛИЦА: Силно невреме во Долнени целосно го уништи тутунот, бостанот и пченката

На почетокот на 2009 година, истражувањето на Центарот за управување со кризи покажало дека водата во Забрчани е бактериолошки неисправна.ЦУК: Неисправна вода за пиење во Македонски Брод

Стопанство Селото има полјоделска функција. Во неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 333 ха, на пасишта отпаѓаат 117,4 ха, додека шумите зафаќаат површина од 36,2 ха.

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“, во податокот за 1873 г. Забрчани е заведено двапати — еднаш како Запришани со 26 домаќинства и 128 жители Македонци, и втор пат како Запрчани со 49 домаќинства и 232 жители Македонци, но второто всушност дава податоци за селото Вепрчани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79, 80-81.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Забрчани имало 130 жители Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Забрчани е село со 80 жители Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Забрчани се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 14 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 72 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 49 Македонци и 1 лице без податоци.

Родови Забрчани е македонско село.

Родови во Забрчани се:

Доселеници: Стрезовци (7 куќи) доселени се од селото Големо Коњари пред 220 години, го знаат следното родословие: Методија (жив на 59 години во 1950-тите) Стојан-Апостол-Диме-Стрезо-Петко-Богдан, од селото Големо Коњари се доселил предокот Стрезо, уште подалечно потекло имаат од селото Кореница, од каде се иселил Богдан; Бакаровци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, таму припаѓале на родот Грневци; Ментевци (2 куќи) доселени се од селото Дреновци, и таму биле доселени однекаде; Ќосевци (5 куќи) најпрво живееле во Големо Мраморани, од каде најпрво се иселиле во Сенокос, па во Секирци и на крај овде; Плачковци (4 куќи) доселени се однекаде; Бардаковци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, каде биле род со споменатите Бакаровци; Караџовци (6 куќи) и они се доселени од Долнени, каде исто така биле род со Бакаровци; Веселин (1 куќа) доселен од Стровија, таму припаѓал на родот Тренковци; Пејчиновци (1 куќа) доселени се од поречкото село Локвица во 1946 година.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 1461 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.

Културни знаменитости мини|десно|250п|Црквата „Св. Атанасиј“ Археолошки наоѓалишта Забрчки Рид — некропола од доцноантичко време; Лозје — населба од доцноантичко време; Мартинец — населба од доцноантичко време; Шалдашица — осамен наод од римско време; Гробиште — црква од непознат период; Манастириште — неопределено наоѓалиште од непознат период; Попоа Капица — тврдина од непознат период.

Цркви Црква „Св. Атанасиј“.

Спорт Во минатото, во селото бил активен фудбалскиот клуб Кадица Забрчани.

Иселеништво Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Ѓоровци и Пржевци целосно се иселиле во Прилеп. Караџовци иселени се во Дупјачани.

Личности Родени во Забрчани Стојко Здравев — македонско-одрински доброволец, 20-годишен, 3 чета на 6 охридска дружина; Тале Огњанов — македонско-одрински доброволец, 28 (40)-годишен, работник, 4 и Нестројна чета на 4 битолска дружина; Јаким Тодоров — македонско-одрински доброволец, 20-годишен, работник, 2 чета на 4 битолска дружина, носител на орден „За храброст“; Темелко Ристески — македонски правник.

Галерија

Наводи

Користена литература Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 127 стр.

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени