Мало Мраморани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба Мало Мраморани се наоѓа во источниот дел на Прилепското Поле, оддалечено 12 км северозападно од Прилеп. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 715 м. Неговиот атар зафаќа површина од 3,7 км2.
Историја Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.„Мало Мраморани“. OldPrilep. 18 октомври 2014.
Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 864.
Стопанство Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште преовладува на површина од 241 ха, па затоа селото има исклучиво полјоделска функција.
Население
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името М-р-м-о-р-а-н-и и имало 27 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ (книга 4). Скопје. стр. 82.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Мраморани е село со 11 домаќинства и 44 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Мраморани — споменато како Долно Мраморани — живееле 55 жители Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото живееле 48 Македонци.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 148-149.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Мраморани се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 14 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 44 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 45 Македонци и 1 лице без податоци.
Родови
Мало Мраморани е македонско село.
Родови во селото се: Јакофовци (3 куќи) први доселеници во селото, не знаат од каде се доселени; Гличевци (9 куќи) доселени се во првата половина на XIX век од селото Горно Село, таму имаат истоимени роднини, го знаат следното родословие: Киро (жив на 40 г. во 1950-тите) Даме-Ристо-Јаков, се доселил неговиот татко; Кашовци (4 куќи) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Сенокос, таму им биле род Смрдевци, уште подалечно потекло од Мариово; Лазовци (1 куќа) доселени се од костурското село Сетома во 1948 година; Каратошевци (1 куќа) доселени се од околината на Кајлари (Егејска Македонија) во 1948 година.
Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.
Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 1491 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Црква Св. Атанас — осамен наод од римско време.
Познати личности Богдан Иванчев (1883 - ?) — македонски револуционер.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени