Пешталево — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба мини|лево|200п|Поглед на селото Пешталево се наоѓа во северниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 610 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,3 км2. Од Прилеп е оддалечено 24 км, а од патот Прилеп-Македонски Брод 2,5 км.
Историја Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.„Пешталево“. OldPrilep. 18 октомври 2014.
Стопанство Во рамки на селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 730 ха, па оттука селото има полјоделска функција.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пешталево е село со 53 домаќинства и 136 жители муслимани и 83 Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пешталево имало 320 жители Македонци муслимани.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245. Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 439 Македонци муслимани.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пишталево се води како чисто „турско“ село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 50 куќи. Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Албанци.
Според пописот од 2002 година, во селото Пешталево живеат 486 жители, од кои 280 Македонци, 144 Албанци, 44 Турци, 12 Бошњаци, 1 Србин и 5 останати. Голем дел од жителите кои се изјасниле како Турци или Албанци се всушност Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како такви.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 511 жители, од кои 254 Македонци, 119 Албанци, 93 Турци, 1 Србин, 30 Бошњаци, 2 останати и 12 лица без податоци.
Родови
Пешталево е торбешко село, а има и Македонци православни доселено во селото.
Родови во селото се: Суљовци (23 к.), Абдуловци (20 к.) и Синановци (20 к.) потекнуваат од тројца браќа Суљо, Абдула и Синан кои биле основачи на селото, доселени се од некое торбешко село во Дебарско, во Синановци се знае следното родословие: Фејзо (жив на 54 г. во 1950-тите) Осман-Фејзо-Осман-?-Синан, основачот на родот кој се доселил во XVIII век; Севовци (11 к.) и Зеновци (8 к.) доселени се од раселеното село Бурилово, кое постоело помеѓу селата Жабјани и Сарандиново, и во близина на Пешталево. Земјата од тоа раселено село ја поседуваат жителите на селата Пешталево и Жабјани. таму биле староседелци; Селимовци (2 к.) и Метковци (1 к.) доселени се од албанското село Црнилиште, таму биле доселени од северна Албанија; Абазовци (1 к.) доселени се од селото Браилово, таму биле доселени од северна Албанија. После 1954 година голем број на торбешки родови се иселиле и на нивно место дошле Македонци од областа Порече.
Општествени установи Во селото работи подрачното основно училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до петто одделение.„Образование“. Општина Долнени. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.
Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 1484 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 381 гласач.
Културни знаменитости мини|десно|200п|Црквата „Пресвета Богородица“ Археолошки наоѓалишта Тумба — непознато од непознат период; Бурилово — непознато од непознат период.
Цркви Црква „Пресвета Богородица“ — главната селска црква, изградена 1965 година; Црква „Св. Недела“ — најновата селска црква;
Џамии Стара џамија — старата селска џамија; Нова џамија — новата селска џамија.
Личности Родени во Пешталево Најдо Пешталевец (? - 1904) — македонски револуционер; Трајко С. Војнески — македонски поет.
Иселеништво Во 1912 година, 9 македонски муслимански семејства се иселиле во Турција, во Бурса, Енишехир и Адапазар. Сепак посилен бран на иселување на торбешкото население во Турција има после 1954 година.
Галерија
Поврзано Долнени Општина Долнени
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени