Небрегово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Небрегово се наоѓа во Прилепско Поле, на јужното подножје на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 16,8 км и се граничи со атарите на селата: Присад на исток, Дабница на југ, Горно Село и Дупјачани на запад, и Дреновци и Оморани на север. Од Прилеп е оддалечено 20 км.

Историја Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.„Небрегово“. OldPrilep. 15 мај 2012.

Селото се споменува во написот насловен „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“, објавен во српскиот весник Политика на 21 ноември 1934 година.„Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“. OldPrilep. 16 март 2016.

Стопанство Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 618 ха, пасиштата се на површина од 481 ха, а на шуми отпаѓаат 380 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Небрегово е село со 40 домаќинства и 166 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Небрегово живееле 522 жители Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 246. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 280 Македонци.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Небрегово се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 37 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Небрегово е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 303 жители, а во 1994 година 155 жители, македонско население и само двајца жители Срби.

Според пописот од 2002 година, селото Небрегово броело 156 Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 105 Македонци и 13 лица без податоци.

Родови

Небрегово е македонско село.

Родови во селото се: Црвенковци (12 к.), Дудевци (5 к.) и Шербановци (3 к.) изгледа тоа се стари доселеници, кои не знаат од каде се доселени; Рујановци (11 к.) доселени се од местото Рујан на планината Мукос, денес тоа место припаѓа во атарот на селото Оморани, доселени се кон крајот на XVIII век; Љамевци (8 к.) и Димчевци (4 к.) порано биле еден род, Љамевци се делат на Соколовци и Коневци, доселени се од Дебарско. Од нив потекнуваат Блаже Конески и Глигор Соколов; Димковци (6 к.) доселени се од селото Десово, можеби таму биле староседелци; Пишкар (1 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од Маргари или Стровија; Мраморци (1 к.) доселени се во турско време од селото Мало Мраморани; Голомадевци (1 к.) доселени се во 1920 година од Варош (денес маало во Прилеп).

Општествени установи Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до петто одделение.„Образование“. Општина Долнени. Освен тоа, во селотом има и услужни објекти.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 1462 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 89 гласачи.

Културни знаменитости мини|десно|250п|Археолошкото наоѓалиште Манастириште Археолошки наоѓалишта Гробиште — осамен наод од римско време; Дрениче — населба од доцноантичко време; Латинска Црква — црква и некропола од старохристијанско време; Лечиште — населба од неолитско време; Манастириште — населба од доцноантичко време; Орман — кастел од римско време; Селска Црква — осамен наод од римско време.

Манастири Небреговски манастир.

Споменици Спомен-дом на Блаже Конески.

Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква.

Личности Родени во Небрегово Глигор Соколов (1870 - 1910) — војвода; Ѓорѓи Нешков (1877 - ?) — македонско-одрински доброволец; Блаже Конески — македонски поет и јазичар.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени Категорија:Села во Македонија