Сѐ за Ева (англиски: All About Eve) е американски филм (драма) од 1950, режиран од Џозеф Манкјевиц (Joseph L. Mankiewicz), кој е автор и на сценариото, засновано на расказот на Мери Ор (Mary Orr) и во соработка со Ерих Кестнер (Ericha Kästner). Во главната улога глуми Бет Дејвис (Bette Davis), во тоа време една од најголемите филмски ѕвезди,Спада (1993), стр. 257. а во филмот настапуваат и: Ен Бакстер (Anne Baxter), Селест Холм (Celeste Holm), Џорџ Сандерс (George Sanders), Гери Мерил (Gary Merrill), Хју Марлоу (Hugh Marlowe), Грегори Ратоф (Gregory Ratoff), Барбара Бејтс (Barbara Bates), Телма Ритер (Thelma Ritter), Мерилин Монро (Marilyn Monroe) и Волтер Хемпден (Walter Hampden)

Синопсис Додека младата театарска глумица Ева Харингтон (ја игра Бакстер) прима престижна награда за најдобра улога на Бродвеј, Карен Ричардс (ја игра Холм) и влијателниот театарски критичар Адисон Девит (го игра Сандерс) се присетуваат на познанството со неа и на текот на нејзината кариера. Една вечер, по завршената претстава, Карен ја забележува младата Ева и ја внесува во гардеробата на познатата театарска глумица Марго Ченинг (ја игра Дејвис). Ева се претставува како скромна и сиромашна девојка од провинцијата и како голема обожавателка на Марго која сонува да стане глумица. Изненадени со добродушноста на Ева, Карен, нејзиниот сопруг, драматургот Лојд (го игра Марлоу) и љубовникот на Марго, Бил Симпсон (го игра Мерил) успеваат да ја убедат Марго да ја прифати Ева и да ја вработи како своја лична секретарка. И додека Ева ги освојува симпатиите на сите пријатели на Марго, таа постепено заклучува дека девојката воопшто не е наивна, туку дека има скриени планови. Набргу, Марго почнува да се однесува непријателски кон Ева и поради тоа наидува на осуда кај нејзините пријателите. Служејќи се со својот шарм, Ева учествува на една аудиција при што е избрана како замена на Марго. Потоа, Карен ја кани Марго на мал одмор и намерно ја спречува да стигне на театарската претстава. Така, Ева ја презема улогата на Марго, а познатиот критичар Адисон пишува пофална критика за нејзиниот настап при што ја напаѓа Марго. Меѓутоа, сплетките на Ева продолжуваат и таа го убедува Лојд да ѝ ја додели главната улога во неговата нова драма. Притоа, таа е вљубена во него, но Адисон ја уценува (зашто знае за лагите на Ева) и ја става под своја контрола. По примањето на наградата, Ева се повлекува во хотелската соба, а таму затекнува непозната млада девојка која се претставува како нејзина голема обожавателка и веднаш почнува да ѝ служи.HRT, Sve o Evi, američki film - Dupla projekcija: Bette Davis (пристапено на 2.6.2020)

Осврт кон филмот Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 14 категории (од кои победил во шест) и сè до 1997 година, кога бил надминат од „Титаник“, бил рекордер во бројот на номинации за оваа награда, и се смета за ремек-дело и еден од најважните и најуспешните филмови на сите времиња. Филмот претставува исклучително интелигентната драма со елементи на сатира и се одликува со сликовити ликови, остри дијалози, духовити реплики, маестрална режија, впечатлива фотографија (дело на Милтон. Р. Креснер), фантастична глума и одлична музика (дело на оскаровецот Алфред). Американскиот филмски институт го сместил на списокот на „100 најдобри филмови на сите времиња“, а САД го ставиле под заштита во конгресната библиотека, како културно национално богатство.

Филмот имал големо влијание во современата уметност. Многу сцени од овој филм биле инспирација за глумците и режисерите, а Марго Ченинг станала предмет на имитација и еден од омилените ликови на маскенбалите. И по шест децении, неговата популарност кај геј-популацијата не опаднала, а современите критичари и историчари на уметноста се обидувале да го објаснат овој феномен. Како најдобар филм во кариерата на Бети Дејвис, со „Сè за Ева“ таа стекнала култен статус во круговите на геј-популацијата.

Наводи

Надворешни врски

Сѐ за Ева на filmsite.org Литература за Сѐ за Ева Аудио во живо Сѐ за Ева на „Lux Radio Theater“: 1 октомври 1951 Сѐ за Ева на „Theater Guild on the Air“: 16 ноември 1952

Категорија:Филмови од 1950 година Категорија:Американски филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови за глумци Категорија:Филмови засновани на вистински настани Категорија:Култни филмови Категорија:Филмови на Џозеф Л. Манкјевиц Категорија:Филмови со Бет Дејвис Категорија:Филмови со Ен Бакстер Категорија:Филмови со Џорџ Сандерс Категорија:Филмови со Селест Холм Категорија:Филмови со Гери Мерил Категорија:Филмови со Хју Марлоу Категорија:Филмови со Грегори Ратоф Категорија:Филмови со Барбара Бејтс Категорија:Филмови со Телма Ритер Категорија:Филмови со Мерилин Монро Категорија:Филмови со Волтер Хемпден