Рогле — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 566 жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора. Селото е во близина на селото Ново Село.
Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 135 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 42 куќи со 263 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
Население
По Балканските војни е забележано со 283 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 566 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 532 жители, од кои 492 Албанци и 40 лица без податоци.
Родови
Рогле е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Качер (35 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од старото место се иселиле тројца браќа и нивниот внук. Од нив едниот брат со внукот се населил во Рогле. Вториот брат преку Рогле се населил во Бојане, а третиот во кумановското село Слупчане. Овде се доселиле пред 200 години. Шкрете или Мемете (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Имаат изумрени домаќинства. Цоке (7 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2099 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 564 гласачи.
Поврзано Полог Општина Желино Тетово
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Рогле на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино