Стримница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.422 жители.

Географија и местоположба Селото е во областа Долни Полог. Селото лежи на бреговите на реката Вардар, во подножјето на планината Сува Гора. Во близина Стримница е селото Фалише.

Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 245 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 65 куќи со 404 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.422 жители, од кои 2 Македонци, 2.404 Албанци и 16 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.937 жители, од кои 1.862 Албанци, 1 останат и 74 лица без податоци.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачките места бр. 2109, 2109/1, 2110 и 2110/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.567 гласачи. Поврзано Полог Општина Желино Тетово

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Стримница на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино