Грешница — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба Селото Грешница се наоѓа во регионот на Горно Кичево, поточно на источните слапови на Бистра.
Историја Во XIX век селото било дел од Кичевската Каза во Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грешница живееле 350 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грешница се води како чисто албанско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.
Од другата страна пак, во записите на Афанасиј Селишчев, руски филолог, селото било од мешан етнички карактер.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.
Според пописот од 2002 година, селото има население од 1.480 жители, од кои 1.475 Албанци, 2 Македонци и 3 други.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 789 жители, од кои 764 Албанци, 1 Влав и 24 лица без податоци.
Родови
Грешница е албанско село.
Родови во селото се:
Во Мучовско маало се родовите Мучај (10 к.), Хасанај (11 к.), Љаталар (5 к.) и Алибашај (3 к.) - во Даљовско маало е родот Хасанај (40 к.) - во маалото Душка се родовите Душкај (15 к.) и Суљ демај (4 к.) потекнуваат од двајца браќа - во Горно маало се родовите Думај (10 к.), Хасанај (10 к.) и Миналар (5 к.). Сите родови се доселени од селото Зајас, со исклучок на родот Миналар кој е доселен од Лешница. На сите родови подалечно потекло им е од областа Матија во северна Албанија. Најброен род бил Хасанај (61 к.) они во Зајас живееле во Теќе маало, каде и сега имаат роднини. Нивни роднини преселени од Зајас има и во Длапкин Дол (7 к.) и Кичево (4 к.).
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 828 и 828/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 1.378 гласачи.
Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Зајас
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Грешница на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево