Колибари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на источното подножје на Бистра Планина, поточно на десниот брег на Зајаска Река. Оддалечено е 7 километри северно од Кичево.
Историја Во XIX век селото било дел од Кичевската Каза во Отоманското Царство.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.
Според пописот од 2002 година, селото има население од 747 жители, од кои 742 Албанци, 1 Србин и 4 други.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 338 Албанци и 17 лица без податоци.
Родови
Колибари е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.
Албанското население во Колибари е поделено на пет рода: Тоа се: Спаије (20 к.), Коколе (17 к.), Алиме (11 к.), Гега (11 к.) и Хиса (10 к.). Споменатите родови, потекнуваат од пет браќа доселени околу 1820 година од соседното село Зајас. Браќата се викале: Зендел Спаија (најстариот брат), Коколе, Алим, Дервиш Гега и Лиман Хиса. Во родот Коколе е познато следното родословие: Вели (жив, на 40 години)-Рушит-Вели-Ибраим Коколе, кој се доселил. Во Зајас нивните куќи им биле во Теќе Маало. Таму имале истоимени роднини. Подалечното потекло им е од Матија во Северна Албанија.Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Јован Ф. Трифуноски. Скопје:1968.стр.54
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 829 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 667 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Римски Гробишта — доцноантичка населба; Кокале — средновековна некропола;
Личности Оломан Сулејмани (р. 1950) - политичар;
Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Зајас
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Колибари на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево