Мидинци — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба

Селото Мидинци се наоѓа во областа Горно Кичево, на Зајаска Река. Селото е меѓу планините Буковиќ и Бистра, оддалечено 13,4 километри северно од Кичево. Атарот на селото Мидинци граничи со атарите на селата: Од исток Букојчани, од запад Колари, од југ Зајас, и од север Србиново. Одделни места во атарот на селото ги носат следните имиња: Присој, Буковиќ, Поле, Осијница, Момиран, Колиби, Киш, Варвароец, Качидол, Бачишки ридои, Гура и Голема ледина. Селото е со куќи од збиен тип и се состои од Горна, Чилевска и Илијовска маала.

Историја

Во XIX век селото било дел од Кичевската Каза во Отоманското Царство.

Според податоците од 1873 година, селото Мидинци имало (познато како Маданци) 19 домаќинства со 70 жители христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Мидинци:Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76. ДомаќинстваГурбетчииПисмениНеписменимажиженивкупномажиженивкупно191616016385391

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мидинци живееле 192 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256. Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Мидинци имало 152 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мидимци се води како чисто македонско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 25 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Мидинци живеат 33 жители, од кои 31 Македонец и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 25 Македонци, 28 Албанци, 1 останат и 6 лица без податоци.

Родови

Мидинци е населено со македонско православно население, во селото има и староседелски и доселенички родови.

Родови во Мидинци се: Чилевци (10 к.), Лазевци (2 к.), Степановци (2 к.) и Илијовци (4 к.), ова се староседелски родови, родовите Лазевци и Степановци потекнуваат од ист предок; Китановци (4 к.) доселени се од некое село во мијачкиот крај, затоа овој род ги нарекуваат Мијаци; Иљковци (2 к.) доселени се од сега албанското село Колари, го знаат следното родословие: Петре (жив на 38 г. во 1961 година) Методија-Стојан-Иљо кој се доселил; Столевци (2 к.) доселени се исто така од селото Колари, го знаат следното родословие: Столе (жив на 52 г. во 1961 година) Гаве-Исе кој се доселил. Тие се најмлад род во селото.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Балтовци (3 к.), Мијовци (6 к.), Станишовци (5 к.) и Влчевци (1 к.) староседелци. Од Влчевци има иселеници во Ваљево; Китановци (5 к.) доселени се од мијачкиот крај; Чилевци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде; Тодоровци (1 к.) доселени се од некое околно село; Столевци (3 к.) доселени се од мијачкото село Тресонче. Некои од нивниот род преминале во Колари, и таму се поалбанчиле. Ги викале Садиковци.

Општествени установи мини|лево|Црквата „Св. Петка“ во Мидинци

Црква „Св. Петка“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.

Стопанство

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од средината на XIX век Мидинци било изложено на напади од околните Албанци од селата Зајас и Колари, па поради тоа Македонците почнале непрестајно да се иселуваат. Иселениците се иселувале во Белград и Смедерево, а иселеници има и на други места. Така родот Здравковци се иселил во Требино, а од Требино подоцна се иселиле во Латово, од кои потекнува Мицко Крстевски. После Втората светска војна, во Кичево се иселиле 4 домаќинства.

Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кичево

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Мидинци на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево