Длапкин Дол — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба

Длапкин Дол се наоѓа на источните пaдини на Бистра Планина, на десниот брег на Зајаска Река.

Историја Во XIX век селото било дел од Кичевската Каза во Отоманското Царство.

Според податоците намашкото население во 1873 година, во селото имало 16 домаќинства и 88 жители (христијани).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 92-93.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Длапкин Дол живееле 210 жители, сите Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 256.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Длабок Дол се води како чисто албанско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 10 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.

Според податоците од 2002 година, во селото има 636 жители, од кои 633 Албанци, 1 Македонец и 2 други.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 388 жители, од кои 368 Албанци и 20 лица без податоци.

Родови

Длапкин Дол е албанско село.

Родови во селото се:

Во Горно маало се родовите: Мучковци (10 к.), Асановци (7 к.), Арифовци (6 к.) и Метолари (2 к.). Првите два рода се доселени од селото Зајас, подалечно потекло им е од Матија во северна Албанија, третиот род е доселен од селото Папрадиште, подалечно потекло како и првите два рода, четвртиот род староседелски. Потекнуваат од православен Македонец кој во Длапкин Дол прешол на ислам и се поалбанчил. Во Долно маало се родовите: Жоровци (8 к.), Фекчиовци (8 к.), Доклевци (7 к.), Чупчалари (5 к.), Кадовци (3 к.) и Касовци (4 к.) доселени се од селото Зајас, подалечно потекло имаат од областа Матија, северна Албанија. Во родот Жоровци се знае следното родословие: Беќир (жив на 78 г. во 1961 година) Зеќир, Садик, основачот на родот кој дошол од Зајас.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 827 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 610 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Чукаре — населба од железно, хеленистичко, доцноантичко и римско време

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кичево

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Длапкин Дол на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево