Долно Строгомиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Горно Кичево.

Историја

Население Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Остроголишта (Долно и Горно Строгомиште) имало 150 докаќинства и 400 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Строгомиште живееле 450 жители, сите Македонци муслимани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Стрегомишта се води како чисто македонско-муслиманско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 50 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.

Според податоците од 2002 година селото има 698 жители. 692 жители, од различни причини, се декларирале Албанци, 1 Србин и 5 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Најголем дел од населението претставуваат Македонци муслимани.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 337 Македонци и 18 лица без податоци.

Родови

Долно Строгомиште е торбешко село.

Родови во селото се: Рушовци (25 к.) и Мемовци (20 к.) потекнуваат од ист предок кој се доселил од соседното село Горно Строгомиште.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 818 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 596 гласачи.

Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кичево

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Долно Строгомиште на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево