Независна реченица, главна реченица или ретко независна дел-реченица, е реченица или дел-реченица која може да функционира самостојно во еден текст. Ваквиот вид реченици често се нарекува и како проста реченица. Главните реченични елементи на една независна реченица се подметот и прирокот. Повеќе независни реченици можат да бидат споени со употреба на запирка, точка-запирка или сврзиници и така се добива сложена реченица. Спротивно на независната реченица е зависната реченица која не може да стои самостојно во еден текст.
Примери Јас возам автомобил. [проста реченица] Јас сум лекар, а мојата сопруга е адвокат. [сложена реченица составена од две независни реченици сврзани со сврзникот „а“.] Јас сакам да бидам лекар, но треба прво да завршам медицински факултет. [две независни реченици сврзани со сврзникот „но“.] Јас го купив автомобилот кој го посакуваше Томе. [сложена реченица составена од независна и зависна реченица/ дел-реченица.]
Наводи
Поврзано Реченица Сложена реченица Проста реченица Зависна реченица Дел-реченица
Надворешни врски Независна реченица Независна и зависна реченица
Категорија:Синтаксни категории