Трифтонг (тригласник) е слог со три самогласки, каде творбеникот бргу и течно се префрла од еден вид на самогласка на друг, па завршува на трет.. Чистите самогласки, наречени монофтонзи имаат една целна положба на творникот, дифтонзите имаат два, а трифтонзите имаат три.

Примери Носителот како прв сегмент Англиски (стандарден британски изговор): како во hour 'час' (според. со двосложниот збор plougher ) како во fire 'оган' (според. со двосложниот збор higher ) како во loir 'полв' (според. со завршната двосложна низа во employer )

Кога стојат пред пред , и стануваат и , па така, сите случаи на и се зборови со наставката „-er“.

Бернски дијалект на германскиот јазик: како во Gieu 'момче' како во Gfüeu 'чувство' како во Schueu 'училиште' како во Müej 'неволја'

Латвиски: како во tie 'тие' како во ko 'што'

Северна подгрупа на баварското наречје: како во (СГГ hâr) 'коса', или како во (СГГ ôr) 'уво' како во (СГГ mêr) 'уште' како во (СГГ snuor) 'јаже' како во (СГГ vier) 'четири', или како во (СГГ snüerelîn) 'јаженце'

Носителот како втор сегмент Виетнамски: како во tươi 'свеж' како во rượu 'алкохол' како во tiêu 'бибер' како во nuôi 'храни' како во khoai 'компир' како во khuya 'доцна ноќеска' како во khuỵu 'ничкум' како во ngoẹo 'се врти'

Португалски: како во Paraguai 'Парагвај', iguais 'истоветни, слични' и quaisquer 'секои' како во enxaguei 'плакнев' и magoei 'повредив (емотивно)' како во saguão 'фоаје' како во delinquem 'престапуваат' и enxaguem 'плакнат' во aluvial 'наносен' (, manual 'рачен' () и Gabriel 'Габриел' () во aloés 'алоиња' () и águias 'орли' ()

Романски: како во iau 'земам' како во rîdeau 'се смееја'

Шпански: како во buey 'вол' како во Uruguay 'Уругвај' како во cambiáis ('менувате') како во cambiéis ('за да менувате')

Носителот како трет сегмент Романски (полусамогласните фонеми се обележани со обратни извиени акценти): како во pleoape 'клепки' како во creioane 'моливи'

Поврзано Дифтонг Монофтонг Зев Список на самогласки Полусамогласка Самогласна група

Наводи

Категорија:Самогласки Категорија:Фонологија