Лондонскиот велопарк — велосипедистички центар во Лејтон, во источен Лондон. Тој претставува едно од постојаните зданија за олимписките и параолимписките игри 2012. Велопаркот е на северниот крај на Олимпискиот парк. Се состои од велодром и патеката за BMX, која ќе биде користина за Игрите, како и друмска патека од една милја (1,6 километри) и патека за планински велосипедизам. Паркот го заменил Eastway Cycle Circuit, кој бил срушен за да се ослободи место за објектот. Објектите изградени за Олимпијадата биле градени помеѓу 2009 и 2011. Првиот настан на Велопаркот било лондонското коло во Светскиот куп во BMX велосипедизам.

Планирање

Во февруари 2005 биле објавени плановите за Велопарк во вредност од 22 милиони фунти. Sport England ќе инвестирал 10,5 милиони фунти, Lee Valley Regional Park Authority 6 милиони фунти, додека градската власт и сообраќај за Лондон ќе инвестирале по 3 милиони фунти и 2,5 милиони фунти соодветно. Местото требало да се протега на 34 хектари на северниот крај на предложениот Олимписки парк, веднаш до автопатот А12. Паркот ќе вклучувал велодром со сместивост од 1.500 седишта, кои би можеле да се зголемат на 6.000, доколку лондонската кандидатура за Летните олимписки и параолимписки игри 2012 биде успешна. Местото требало да има и патека за маѓународно натпреварување за BMX, парк за BMX во слободен стил, патека за велокрос/крос-кантри, патека за планински велосипедизам и надворешна велодромска патека. Објектите требало да бидат користени од професионалците, како и оние кои учат и сакаат да возач. Се проценувало дека паркот би привлекувал по 88.000 корисници секоја година, заменувајќи ја Eastway Cycle Circuit. Eastway Cycle Circuit бил отворен во 1975 и било првото спортско здание за друмски велосипедизам изградено во Британија. Објектот бил затворен во септември 2006 со цел да се ослободи простор за новиот Лондонски велопарк. Велодромот ќе биде третата 250-метарска покриена писта во Велика Британија. Во септември 2008 биле објавени плановите за Велопарк, кои биле одбрани со помош на Крис Хој. Меѓутоа во март 2007 било објавено дека Велопарк ќе се протега само на третина од првичната големина, намалена од 34 на 10 хектари. Намалувањето на големината на местото довело до протест на корисниците на поранешниот објект.

Градители

На 12 јули 2007, олимпискиот организациски комитет ја избрал победничката екипа во состав: Hopkins Architects, Expedition Engineering, BDSP и Grant Associates, кои биле одбрани на посебен конкурс за архитектонско решение. Велопаркот се очекувало да биде завршен од градежната компанија, ISG,ISG installs timber cycling track at Olympic Velodrome Construction Index во 2011. Во 2004, во текот на кандидатурата на Лондон за Олимпијадата во 2012, очекуваната сума бил 37 милиони фунти, вклучувајќи ги и 20 милиони фунти за велодромот.

Велодром

Во 2009 започнале активностите за изградба на велодромот, а проценетата сума за самиот објект била 105 милиони фунти.Work begins on world's fastest velodrome , reuters.co.uk, 25 март 2009. Работите на велодромот биле завршени во февруари 2011, и бил првото спортско здание во Олимпискиот парк, кое било завршено. Покривот бил направен да ја следи геометријата на велосипедизмот, воедно направен лесен и ефикасен како велосипедот. Исто така постојат и прозорци со превртени плочи, кои им дозволуваат на луѓето поглед на Олимпискиот парк. Велодромот е енергетско ефикасен објект, светлината од покривот ја намалува потребата за вештачко осветлување, додека природната вентилација овозможува намалена употреба на клими. Дождовницата исто така се собира, што ја намалување количината на вода потребна за објектот. Проектантот Рон Веб, кој ги проектирал патеките на олимписките игри во Сиднеј и Атина бил задолжен за проектот и поставувањето на патеката. 250-метарската патека била направена од 56 километри сибирски бор и 350.000 шајки.

Велодромот официјално бил отворен од многу успешни британски спортисти, вклучувајќи ги Крис Хој и Викторија Пендлтон. Бил вклучен во потесниот круг за доделување на Стерлинговата награда 2011.RIBA Stirling Prize shortlist 2011: Olympic 'Pringle' Velodrome 21 јули 2011 и ја освоил Structural Award во 2011. Зданието било првпат користено за натпреварување во текот на велодромскиот куп UCI во февруари 2012. Велодромот исто така ќе биде користен и за параолимписките игри 2012.British Paralympic Association: London 2012 unveil Paralympic venue plan November 2006

Патека за BMX

thumb|Патеката за BMX велосипедизам

Надворешната патека за BMX велосипедизам има сместивост од 6.000 гледачи. Изградбата започнала во март 2011. По Игрите трибините ќе бидат отстранети и патеката ќе биде преобликувана. Првото натпреварување на патеката бил пробниот настап за Олимписките игри, дел од светскиот куп во BMX. Патеката за мажи е долга 470 метри, додека патеката за жени е 430 метри долга. Досега таа претставува една од најпредизвикувачките патеки за BMX велосипедизам.

Поврзано

Олимписки парк Летни олимписки игри 2012

Наводи

Надворешни врски

Профил на патеката за BMX 2012 Профил на велодромот 2012

Категорија:Велосипедизмот во Лондон Категорија:Спортски зданија на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велодроми во Велика Британија Категорија:Спортски зданија во Лондон