„Ени Хол“ (англиски: Annie Hall) — американски комичен филм од 1977 година, режиран од Вуди Ален, кој е автор и на сценариото, заедно со Маршал Брикмен. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Вуди Ален, Дајан Китон, Тони Робертс, Пол Сајмон, Керол Кејн, Шели Дувал, Кристофер Вокен итн. Филмот, кој се смета за најдоброто остварување на Ален, е снимен на границата меѓу „смешната“ и „озбилната“ фаза во неговото творештво. Станува збор за романтична комедија која ги спојува бурлеската од Аленовите први филмови и слепстик комедијата со стилските експерименти и потребата од вметнување интелектуални референци, а истовремено се работи за веројатно најемотивниот Аленов филм. Голема заслуга за тоа имаат и автобиографските елементи во филмот: за време на снимањето, Ален живеел заедно со Дајан Китон, неговиот пријател во филмот го глуми токму Аленовиот најдобар пријател Тони Робертс, додека насловниот лик на интелектуалниот комичар во голема мера одговара на Вуди Ален. Филмот „Ени Хол“ освоил четири награди „Оскар“, и тоа: за најдобар филм, за режија, за сценарио и за главна женска улога.Annie Hall, američki film (пристапено на 28.10.2023)

Синопсис Невротичниот комичар Алви Сингер (го игра Ален) се присетува на својата најголема љубов Ени Хол (ја игра Китон), преиспитувајќи ги причините за прекинот на нивната врска пред една година. Инаку, Алви веќе 15 години редовно го посетува психијатарот, а уште како дете паѓал во депресии и сметал дека учениците од неговото одделение се кретени. Подоцна, тој бил двапати оженет, а еден брак му се распаднал затоа што тој и либерална сопруга (ја игра Кејн) не можеле да се сложат околу тоа како бил убиен Џ. Ф. Кенеди. Сепак, неговата најголема љубов е Ени Хол, припроста и збунета девојка која ја запознал на тенис. Онака како што се вљубувал во неа, Алви постепено почнал да ја убедува да се посвети на нејзиното хоби — пеењето. Така, Ени започнува да посетува вечерен курс по пеење, но кога таа се развила од девојка во жена, врската со Алви ѝ станала тесна...Annie Hall, američki film (пристапено на 28.10.2023)

Наводи

Надворешни врски

Мали добри филмови (Неофицијална Вудипедија и блог)

Категорија:Филмови од 1977 година Категорија:Американски филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Вуди Ален Категорија:Филмови со Вуди Ален Категорија:Филмови со Дајан Китон Категорија:Филмови со Шели Дувал Категорија:Филмови со Керол Кејн Категорија:Филмови со Тони Робертс Категорија:Филмови со Кристофер Вокен Категорија:Филмови со Пол Сајмон Категорија:Филмови снимени во Њујорк Категорија:Филмови на United Artists Категорија:Филмски комедии Категорија:Американски сатирични филмови