Чавес (англ. Chaves County) е округ во сојузната држава Ново Мексико, САД. Во 2010, населението броело 65.645 жители. Административен центар е градот Розвел. Го носи името на Маријано Чавес (1799-1845), прв гувернер на Ново Мексико, кога бил дел од самото Мексико.

Округот е формиран на 25 февруари 1889, од земја добиена од округот Линколн.

Географија Според Пописната служба на САД, Зафаќа површина од 15.720 км2, од кои 10,4 км2 (0,07%) отпаѓаат на водни површини: Со тоа, Чавес е чртврт округ по големина во сојузната држава.

Соседни окрузи Де Бака - северно Рузвелт - североисточно Ли - источно Еди - јужно Отеро - југозападно Линколн - западно

Природни резервати Национално прибежиште „Битер Лејк“ Национална шума „Линколн“ (делумно)

Демографија

Народности Според пописот од 2010 г, во округот Чавес живеат следниве народности:

70,9% Белци 2,0% Црнци 1,2% Индијанци 0,6% Азијци 0,1% Хавајци или тихоокеански островјани 3,2% повеќерасни 22,0% други раси 52,0% хиспано- или латиноамериканци (од било која раса)

Населени места Град Розвел

Гратчиња Декстер Лејк Артур Хегерман

Помали места Гринфилд Данкен Елк Елкинс Меса Мидвеј

Наводи

Категорија:Окрузи во Ново Мексико Категорија:Населени места основани во 1889 година