За истоименото село во Славонија, Хрватска, видете ја оваа статија.

Марино — населено место во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

Марино се наоѓа во Општина Илинден, сместено во Скопската Котлина. Места со кои се граничи се Јурумлери, Илинден, Кадино и Миладиновци.

Историја Значително зголемување на населението Марино доживува во педесеттите години на XX век, со доселувањето на голем број луѓе од кривопаланечките села, а подоцна и од Куманово и Кратово.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марино живееле 100 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 800 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.533 жители, од кои 3.396 Македонци, 129 Срби и 8 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.538 жители, од кои 4.146 Македонци, 3 Албанци, 4 Роми, 3 Власи, 83 Срби, 14 останати и 285 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————2201953175————72...5—2521961141——......97...5—2431971316———...81...3—40019812.342————120...41—2.50319913.141————143—36—3.32019943.205————148—1—3.35920023.396————129—8—3.53320214.1463—4383—142854.538

Родови Марино е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Српски

Доселеници: Станковиќи (2 к.) и Митиќи (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Пуковца во околината на Прокупље во Србија; Станојевиќи (1 к.) и Савиќи (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Маловишта кај Ниш во Србија; Велковиќи (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Шаиновца кај Прокупље во Србија; Костадиновиќи (1 к.) доселени се од околината на Лесковац во Србија; Дејановиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од околината на Ниш; Адровиќи (1 к.) доселени се во 1926 година од селото Адровиќа во црногорското приморје; Гајиќи (1 к.) доселени се во 1932 година од Срем; Паковски (1 к.) доселени се во 1946 година од Витина во Косово. Некои ги сметаат за православни Роми.

Македонски

Доселеници: Нешиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Кучевиште; Левајковиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Мирковци; Тапшаноски (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Љубанци; Костовци (1 к.), Илијевци (1 к.) и Павлеви (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љуботен; Ѓоргијовски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Бунарџик; Арсовски (1 к.) доселени се во 1941 година од некое село во Овче Поле; Мирчевски (1 к.) доселени се во 1941 година од Тетово; Брзаковски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Симоноски (1 к.) доселени се во 1941 година од Скопје. Некои велат дека се православни Роми (поради темната кожа); Слезенкови (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Цветаноски (1 к.) доселени се во 1941 година од скопското маало топанско; Топузовци (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Кароски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Мирковци; Сурловски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Канчевски (1 к.), Кајевски (1 к.) и Цветковски (1 к.) доселени се во 1941 година од мијачкото село Галичник; Митрови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Љуботен. Таму биле доселени од селото Побожје, припаѓале на родот Радиќевци; Пешовци (1 к.) доселени се во 1946 година од селото Побожје; Трпчески (1 к.) доселени се во 1948 година од селото Горно Соње.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости ФК Марино

Личности Лилјана Дирјан (Скопје, 1953) - македонска писателка и новинар. Христина Андоновска (р. 1973) - асистент-истражувач на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Наводи

Надворешни врски

Категорија:Марино