Свети Никола“ — главна селска црква во мавровското село Беличица.

Црквата се наоѓа во долниот дел на селото, под првите куќи на Долно Маало, скоро непрегледна од остатокот на селото и скриена во шумскиот дел. Околу целата црква и нејзиниот двор се протега бедем. Се одликува со особено богат фрескоживопис и бројни икони.

Историја

Две од престолните икони — Пресвета Богородица со Исус Христос и Свети Никола — се дело на истакнатиот крушевски зограф Николај Михајлов.

Грабежи

Храмот се нашол под удар на масовните грабежи во црквите долж цела Западна Македонија. Во август 2012 година во црквата бил извршен грабеж, каде што биле украдени пари и 4 икони. Во 2013 година повторно се украдени 20 икони и пари.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Мавровска парохија Беличица

Наводи

Надворешни врски

Беличица Категорија:Беличица