Безвучната нешушкава забна струјна согласка ('безвучен забен фрикатив) е вид на согласка што се среќава во некои јазици. Во латиницата, гласот е познат како англискио или албанскио th. Иако, во светски рамки, гласот е редок како фонема, истиот се среќава во некои од најраспостранетите и највлијателни јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи согласката со симболот ⟨⟩, а во X-SAMPA истата е означена со T.
Забните струјни согласки честопати се нарекуваат „меѓузабни“ бидејќи се изговараат со јазикот меѓу горните и долните заби, а не со јазикот врз задната страна на горните заби, како кај забните согласки.
Од вкупно 60 јазици во светот со повеќе од 10 милиони говорници, само англискиот, литературниот арапски, кастиљскиот шпански (т.е. само во Шпанија), бурманскиот и грчкиот ја имаат оваа согласка.
Низ историјата, со текот на времето гласот се изгубил во некои јазици како највеќето германски јазици и говори, задржувајќи се само во англискиот и исландскиот.
Особености
Безвучната забна струјна согласка ги има следниве особености:
Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите честоти на шушкава согласка.
Јазици Јазик Збор МФА Значење Белешки ајкулозаливски 'четири' албански 'вели' амамиски 'сонце' англиски 'тенок' арапахо 'пчела' арапски литературен 'цврст' башкирски уҫал 'налутен' берберскикабилски 'сече' берта 'јаде' бурмански 'три' велшки 'седум' волајтански 'цвет' галисиски 'нула' гвено 'око' гвичински 'панталони' грчки 'море' емилискоромањолски 'лице' каренски сгау 'три' карук 'еден' квама 'се смее' кикапу 'три' корнски 'осум' леонски 'нула' лоредијакаркар 'четири' маса 'пет' санички TÁŦES 'осум' сардински нуорски 'месо' свахили 'вредност' сириски западноновоарамејски 'три' сиуански лакота 'четири' танакрошки 'жарчиња' тода 'девет' туркменски 'осум' тучонски северно наречје 'панталони' јужно наречје ридскојумански хавасупајски 'пет'хулапајски јавапајски хан 'сакам' харасиски 'два' хебрејски ирачко наречје 'хребрејски јазик' јеменско наречје хлајски басадуншки 'еден' џуаншки 'јазик' шони 'три' шпански кастиљски 'лови'
Поврзано Звучна забна струјна согласка Струјна согласка Забна согласка
Наводи
Библиографија
Надворешни врски Разликување на безвучни струјни согласки по пат на методи на машинско учење
Категорија:Забни согласки Категорија:Струјни согласки