Црквата претставува градба/објект со намена за обавување на христијански верски обреди. Црквата се состои од три дела:

припрата (нартекс), каде се палат свеќи наос, средиштен дел олтар.

Во внатрешноста на црквата се наоѓаат икони и фрески на кои се насликани светци.

Потребата од црквите произлегла од редовните средби на христијаните, на почетокот во приватни куќи а подоцна како што се зголемувала заедницата, се јавила потреба за поголем простор наменет за богослужба. Голем замав градењето на цркви земало за време на царот Константин I.

I век

Првите христијани биле жители на Палестина и нивните богослужби се одвивале во приватните куќи и синагогите. После првата еврејска војна почнало да се престанува со богослужење во синагогите.

II. и III век

Во сирискиот град Дура-Европос на западниот брег на Еуфрат на римската граница, при опсадата на градот од страна на Партите во 257. година уништен е градот, но била сочувана црква и синагога кои биле украсени со фрески. И двата објекта биле пренаменети од приватни куќи во верски објекти.

Златен век

Со миланскиот едикт и поддршката која ја давал царот Константин I дошло до голем градителски замав на градење на цркви. Црковната архитектура од тоа време била пример како треба да изгледа една црква во следните векови. Тука спаѓаат базиликата Св. Петар и базиликата Св. Павле.

Источен тип

Источниот тип на црковна архитектура се заснова на впишан крст со купола во средината. Својот почеток го има во изградбата на храмот Аја Софија во Цариград. Овој тип на црковна архитектура има влијание сè до денешен ден во источните цркви.

Среден век

Во Западна Европа во средниот век се формирале два архитектонски стила на цркви. Романскиот стил, со прост полукружен лак, изгледот на црквата е едноставен а зидните површини не се посебно украсени. Вториот стил е готскиот стил, каде се употребува прекршен лак како основен елемент во градбата, карактеристичен за катедралите, изгледот на црквите е прекрасен. За готскиот стил се карактеристични насликаните ѕидови и големите стаклени површини исполнети со витражи.

Нов век

После готскиот стил, се открива вредноста на мирните и урамнотежени ренесансни форми. Во баркното време се појавуваат најкреативни решенија како во просторното обликување така и во декорацијата на ѕидовите.

XIX и XX век

Во овој период црквата тежи да го задржи своето влијание покрај другото и со изградба на големи објекти, при што се користат модерни конструкции за градба и методи како што се армиранобетонски конструкции, електроакустика и климатизација.

Православни цркви

Православната архитектура има литургично значење. За сите православни храмови, заедничка е идејата дека „храм е место на кое со учество во светата литургија влегуваме во заедница со царството Божје“. Православните храмови обично се составени од три дела: припрат или предворие (нартекс), среден дел на храмот - брод (наос) и олтар. Сите три дела често се украсени со фрески и икони, а многу од нив се со извонредна уметничка вредност.

Олтар

Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. На источната страна од храмот се наоѓа олтарот (кај католичките цркви олтарот е на западната страна). Се смета дека олтарот е најсветиот дел на црквата. Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крстење, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, одела за служба ...

Делови на црква

Црквите како тема во уметноста и во популарната култура „За црквата св. Илија“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 16. „Црквата во Новоград“ — расказ на рускиот писател Исак Бабел.I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 5-7. „Катедрала“ — расказ од истоимената збирка на американскиот писател Рејмонд Карвер од 1983 година.Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ. Скопје: Темплум, 2011, стр. 227-249. „Црква“ — песна од истоимената збирка на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 5-8. „Напуштена црква“ (шпански: Iglesia abandonada) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 118-119. „В црква“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 20. „Пред црквата“ — песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 70. „Олтар“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 143. „Во катедралата“ — песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 79. „Катедрала“ (француски: La Cathédrale) — роман на францускиот писател Жорис-Карл Уисманс од 1898 година. „Овде Црква“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2012 година. Црква (англиски: The Church) — австралиска рок-група, основана во 1980 година.Discogs, The Church (пристапено на 11.11.2022) „Црквичката Грејстоун“ (англиски: Greystone Chapel) — песна на американскиот кантри-музичар Г. Ширли (G. Shirley).Discogs, Johnny Cash ‎– At Folsom Prison (пристапено на 21.2.2020)

Надворешни врски

Church from the Catholic Encyclopedia Churches Encyclopedia United Status Church Directory (All Denominations) Archeologist discover first Church

Галерија

Наводи

Категорија:Верски зданија Категорија:Христијански поими