Вајле () — значаен град во Данска, поточно во средишниот дел на државата. Градот е управен центар на Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Вајле. Денес Вајле има 51,804 жители (1 јануари 2012) во градот и 108,021 во поширокото градско подрачје.BEF44: Population 1st January, by urban areas податоци од Данската статистика

Природни услови Вајле се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 235 километри западно.

Релјеф: Градот Вајле се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е типично за дански услови. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 70 метри. Во средината се наоѓа котлина, која се завршава со залив. Падините и од двете страни на котлината и заливот достигнуваат најголеми височини околу ридот Мункебјерг, каде буката процвета 14 денови пред процветувањето во останатите места во Данска.

Клима: Климата во градот Вајле е претежно умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Вајле се формирал на крајот на истоимениот фјорд Вајле, кој претставува дел од Северното Море.

Името на градот значи "плитко место" или "газ", што е прилично точен назив, со оглед на тоа дека градот се наоѓа во внатрешноста на заливот, на доста плитко место, па е возможно лесно преминување.

Историја Подрачјето на Вајле било населено уште во времето на праисотријата. Денешната населба првпат се споменува во 1256 година, а во 1327 година, населбата ги добила градските права. Средишниот дел на градот се ширел околу потокот Вајле и Грејс. Подоцна градот се проширил на брегот на Сондермаркен и Молхолм на југот, и Норемаркен и Ухој на север, додека кон запад се ширел во текот на триесеттите години на дваесеттиот век.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население Денес Вајле има околу 51.000 жители во градските граници и околу 106.000 со околните населени места.

Етнички состав Населението на Вајле до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Стопанство Вајле некогаш бил познат како „дански Манчестер“, додека денес е средиште на ИТ-секторот.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Посетете го Вајле Градска архива на градот Вајле

Категорија:Градови во Данска