Грбовец (или Грбавец) — село во Општина Кавадарци. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото е сместено во Тиквешијата, меѓу Драдња на североисток и Кесендре на северозапад, на надморска височина од 670 м. Атарот зафаќа површина од . Јужната и југоисточната граница го следат текот на Дреновица.

Историја Подрачјето на Грбовец е населено уште од римското време, за што сведочат остатоците од населба и некропола на наоѓалиштето Преслап околу 4 км југозападно од селото по воздушна линија.

Во XIX век Грбовец било чисто македонско село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Грбавец имал 270 жители, сите Македонци христијани.

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Грбавец (Garbavetz) имало 224 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

На пописот по Втората светска војна, во селото се забележува огромен пад на населението. Намалувањето на бројноста на жителите продолжила и понатаму за на крај да се сведе на само 3 жители според пописот од 1971 г. Во текот на наредните години Грбовец е наполно напуштен. Според пописот од 2002 година, селото немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови Грбовец е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

Староседелци: Таневци (14 к.), Миновци (1 к.) и Бечовци (3 к.) Доселеници: Колевци (5 к.) доселени се од селото Возарци; Шоповци (2 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Ајтовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор; Терзијовци (3 к.) доселени се од селото Шивец, а таму од селото Дреново; Чупевци (1 к.) доселени се од селото Дреново, а таму од селото Возарци.

Општествени установи Црква „Св. Петка“

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Преслап — населба и некропола од римско време

Растителност Грбавечки различник (Centaurea grbavacensis) — ендемски цвет наречен по селото Петопрст на Веленовски (Potentilla Velenovskyi) — енемски цвет од овој крај на земјата

Личности Личности родени во Грбовец: Крсте (Герасим) Грбовски — револуционер на МРО, мариовски четник на Тодор АлександровБалевски, Васил. Кънев, Петко. Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908, Ашеана, София, 2007, стр. 29. Трипун Марков (1898-1943) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија. Ристо Марков (1900-1943) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија. Добре Паризов (1905-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија. Славе Паризов (1906-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.

Иселеништво Според истражувањата на Воислав Радовановиќ од 1920-тите, постари иселеници од Грбовец се следниве: Бегниште, Кавадаречко: Миновци (1 куќа) Возарци, Кавадаречко: Димковци (1 куќа) Беловодица, Прилепско: Грбавци (1 куќа), од домазетот Стојан доселен во 1906 г. Дрен, Прилепско: Ризовци (1 куќа) Праведник, Кавадаречко: Мицевци (1 куќа) и Таневци (1 куќа) Шешково, Кавадаречко: Димовци (2 куќи) и Бошевци (3 куќи)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци Категорија:Раселени села во Македонија