Радња — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Бошава, на северните падини на планината Кожуф.

Историја Во XIX век селото било дел од Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радња живееле 370 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Селото е иселено и според пописот од 2002 година, во селото немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

Радња е македонско село.

Според истражувањата од почетокот на 1920-тите, родови во селото се:

Доселеници: Велковци (7 к.) и Пројчевци (2 к.) доселени се во почетокот од XIX век од мариовското село Полчиште. Таму се викале Татаровци; Стребреновци (12 к.) доселени се кога и претходниот род, исто така од Мариово, но од селото Градешница; Лесковци (7 к.) потекнуваат од браќата Митре и Милко. Они се доселиле на почетокот од XIX век од мегленското село Лесково; Алчиновци (6 к.), Весковци (2 к.), Самарџијовци (1 к.) и Кантарџијовци (4 к.) доселени се на почетокот од XIX век од маривското село Рожден, само последниот род е доселен малку подоцна; Златевци (3 к.) и Дановци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Мариово; Мишовци (3 к.) и Ѓешовци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Пожарско кај Воден; Поповци (2 к.) доселени се од селото Корешница; Родевци (2 к.) доселени се од селото Родево кај реката Кара Азмак; Ристовци (1 к.), Ѓошевци (1 к.) и Мурџевци (1 к.) сите се доселени од селото Зборско; Баовци (1 к.) доселени се од селото Баово во Меглен; Темелковци (1 к.) и Трајановци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Петревци (2 к.) доселени се од селото Ума, Гевгелиско; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Драчевица; Тапанџиовци (1 к.) и Крстевци (1 к.) доселени се од селото Бохула; Марини (1 к.) и Чала Костовци (1 к.) доселени се од селото Барово.

Личности Личности родени во Радња:

Румена Аврамова — учесник во НОВ на Македонија Ристана Димова Бојаџиева — учесник во НОВ на Македонија Стана Димитрова — учесник во НОВ на Македонија Велика Јованова Димова — учесник во НОВ на Македонија Кала Митрева Донева — учесник во НОВ на Македонија Менка Дончева — учесник во НОВ на Македонија Марија Дончева — учесник во НОВ на Македонија Зугра Дукова — учесник во НОВ на Македонија Елена Ѓорѓевска — учесник во НОВ на Македонија Ристена Манчева Ѓорчева — учесник во НОВ на Македонија

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Димитриј“ од XIX век во рушевини

Археолошки наоѓалишта Под Селото — некропола од римско време

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци

Категорија:Раселени села во Македонија