Суперкупот на Италија 2012 беше 25-тото издание на Суперкупот во оваа земја, фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Италијанскиот куп.
Јувентус се квалификуваа откако ја освоја титулата во Серија А во сезонта 2011-2012, додека Наполи во овој натпревар влезе како освојувач на Купот на Италија во 2012 година.
Преглед на натпреварот Натпреварот се одигра на Националниот стадион во Пекинг, а главен судија на мечот беше Паоло Мацолени. Натпреварот беше многу динамичен и интерсен. Прв во водство дојде Наполи кога по одличната топка на нашиот репрезентативец Горан Пандев, Единсон Кавани реализира противнапад за водство од 1-0. Во 37-мата минута Јувентус возврати и израмни на 1-1 по прекрасниот волеј-удар на Квадво Асамоа на асистенција на Артуро Видал. Пред крајот на првото полувреме Наполи се враќа во водство и сега води со 2-1 откако Пандев ја прочита намерата на Бонучи, му ја одзема топката и го лобуваше Буфон. Во второто полувреме долго стоеше овој резултат, сè до моментот кога Кампањаро не го фаулираше Вучиниќ во својот шесттнаесетник. Пеналот го изведе Видал и израмни на 2-2 во 74-тата минута. Во финишот од мечот започнува да се чувствува тензијата па така двајца играчи на Наполи го завршуваат натпреварот предвреме. Исклучени од игра беа:Пандев (поради приговор) и Зуњига (поради втор жолт картон). Набрзо по нив во соблекувалната на Наполи замина и тренерот на екипата Валтер Маѕари кој влезе во вербална расправа со судиите. По 90-те минути натпреварот завшува 2-2, што значи дека следат продолженија.
Бројчената предност на теренот Јуве ја користи веќе во првото продолжение кога по центрираната топка на Пирло, Маџо си постигна автогол и го носи Јувентус во прво водство на натпреварот. Само четири минути подоцна Мирко Вучиниќ ги постави конечните 4-2 со погодок во 101-вата минута од натпреварот на асистенција на Клаудио Маркизио.
По завршувањето на мечот екипата на Наполи одлучи да не остане на церемонијата на доделувањето на трофеите, во знак на незадоволството на клубот од арбитражата на главнио судија Мацолени.
Детаљи од мечот
ЈУВЕНТУС: GK 1 Џанлуиџи Буфон (к)RB 15 Андреја БарцаљиCB 19 Леонардо Бонучи LB 2 ЛусиоDM 23 Артуро ВидалDM 8 Клаудио МаркизиоRW 26 Стефан Лихтштајнер LW 22 Квадво АсамоаSS 21 Андреја ПирлоCF 32 Алесандро Матри CF 12 Себастијан Џовинко Резерви:GK 30 Марко СторариDF 11 Паоло де ЧељеMF 20 Симоне Падоин MF 24 Емануеле Џакерини MF 39 Лука МаронеFW 9 Мирко Вучиниќ FW 27 Фабио КваљарелаТренер: Масимо КарераНАПОЛИ: GK 1 Морган Де СанктисRB 14 Уго КампањароCB 28 Паоло Канаваро (к) LB 5 Мигел Бритос DM 85 Валон Бехрами DM 17 Марк Хамшик AM 88 Гокан Инлер RW 11 Кристијан МаџоLW 18 Хуан Камило Зуњига SS 19 Горан Пандев CF 7 Едисон Кавани Резерви:GK 22 Антонио РосатиDF 6 Салваторе АроникаDF 8 Андреа Досена DF 21 Федерико Фернандес MF 23 Валтер Гаргано FW 9 Едуардо ВаргасFW 24 Лоренцо ИнсињеТренер: Валтер Маѕари Судии на мечот Асистенти судии: Ренато Фаверани Андреа Стефани Четврти судија: Мауро Бергонци Правила на мечот 90 минути. 30 минути продолжение ако е потребно. Изведување на пенали ако се заврши нерешено. Седум повикани резерви Три максимум замени.
2012