’Рж () — мошне распространето тревно растение што се одгледува како житарка за исхрана кај луѓето и како фуражна култура за домашните животни. Член е на групата на пченични растенија и е во блиско сродство со јачменот и пченицата. Зрната се користат за правење на брашно, ’ржан леб, ’ржано пиво, ’ржано виски и вотка, но и како фуражна култура. Зрната се консумираат цели или зарамнети и суви, во облик на снегулки.

Потекло

Заедно со другите диви житарки, ’ржта потекнува од средна и источна Турција и околината. Во одомаќен (питом) облик се среќава во наоди од неолитот во самата Турција, но на останатите места како средна Европа се јавува дури во наодите од бронзеното доба (1800-1500 п.н.е.)Daniel Zohary and Maria Hopf, Domestication of plants in the Old World, third edition (Oxford: University Press, 2000), стр. 75

Производство и потрошувачка

10 најголеми производители на ’рж — 2012 (тони) 3 893 000 2 888 137 2 131 519 1 082 405 678 000 676 800 384 400 370 000 336 600 296 700Цел свет 14 615 719Извор: ФАО

МинералиCa33 мгFe2,67 мгMn121 мгP374 мгK264 мгNa6 мгZn3,73 мгCu0,450 мгMg2,680 мгSe0,035 мг Најмногу ’рж се произведува во источна, средна и северна Европа. Главниот појас на одгледување се протега од Германија, преку Полска, Украина, Белорусија, Литванија и Латвија, па до средна и северна Русија. Во Северна Америка, поголеми производители се Канада и САД. Во Јужна Америка, поголемо производство на ’рж имаат Аргентина и Бразил, а во Азија значајни производители се Турција, Казахстан и северна Кина.

Големината на посевите и приносот на ’рж се во пад во речиси сите земји. На пример, во Русија, производството опаднало од 13.9 милиони тони во 1992 на 3,4 Мт во 2005. Другите земји се соочуваат со сличен тренд: Полска - од 5,9 Мт во 1992 на 3,4 Мт во 2005; Германија - од 3,3 Мт на 2,8 Мт; Белорусија - од 3,1 Мт на 1,2 Мт; Кина - од 1,7 Мт на 0,6 Мт; Казахстан - од 0,6 Мт на 0,02 Мт.

Повеќето ’рж се троши локално или се извезува само во соседните земји, но не и пошироко во светот.

Болести ’Ржта е мошне подложна на опасната габи ’ржана гламница (морово рокче). Јадењето на ’рж заразена со гламница предизвикува сериозна болест наречена ерготизам. Ерготизмот прави психолошка и физичка штета во телото и предизвикува грчеви, потфрлање во бременоста, некроза на прстите, халуцинации и смрт. Во северните краишта, периодите на масовно заразување на ’ржта со гламница се совпаѓа со зачестеноста на прогонството на вештерки.

Употреба ’Ржта се користи за правење на ’ржан леб и слични печива. Брашното има многу глиадин, но само малку глутенин, па затоа содржи помалку глутен од пченичното брашно. ’Рженото брашно има и повеќе прехранбени влакна. Алкилресорцинолите се фенолни липиди што изобилуваат во триците на пченицата и ’ржта (0,1-0,3% од сувата мера).Structures of 5-alkylresorcinol-related analogues in rye. Yoshikatsu Suzuki, Yasuaki Esumi, Isamu Yamaguchi, Phytochemistry, Volume 52, Issue 2, септември 1999, стр. 281–289,

Наоѓа примена и во производството на пијалаци како ’ржано виски и квас, и како ’ржан екстракт во алтернативната медицина. Од сламата се изработуваат жетварски венци и покриви на објекти.

Одгледување ’Ржта расте добро на многу посиромашни почви од оние неопходни за највеќето житарки. Затоа, таа е од особено прехранбено значење во подрачјата каде почвата содржи песок или тресет. Растението издржува студ подобро од сите други покрупни житарки, а преживува и под снег (пченицата тогаш умира). Во повеќето региони каде е застапена, таа се сее во есен и расте во зима. Напролет, растенијата се развиваат и даваат принос.

Одгледување во Македонија Во Република Македонија, ’ржта е една од двете најстари житни растенија (другата е пченицата). Се сее на површина од околу 7.300 хектари, со просечен принос од 1,5 т/ха. Во развој е тритикале (пченица-’рж) и тетраплоидна ’рж.

’Ржта како мотив во уметноста „’Рж“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 25.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

„Одгледување на ’рж“ - Одделение за владини документи на UNT

Категорија:Житарки Категорија:Треви Категорија:Земјоделски култури Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј