Надежда Андреевна Толоконикова (; родена на 7 ноември 1989 во Нориљск) — руска уметничка-акционистка, членка на уметничките групи „Војна“ и „Pussy Riot“.
На 3 март 2012 година, таа била уапсена под обвинение за хулиганство во врска со влегувањето и изведувањето на противзаконска изведба во црквата на Исус Христос Спасителот во Москва. Сите жени биле осудени на две години затвори. Меѓународната органзиација „Amnesty International“ ги прогласила уапсените за политички затвореници.Панк-узники совести, www.gazeta.ru, 4 април 2012.Новые политзаключенные, www.vedomosti.ru, 5 јули 2012.
Животопис Надежда Толоконикова се родила на 7 ноември 1989 годинаДело группы Pussy Riot — «Союз солидарности с политзаключёнными» , www.politzeky.ru, 22 март 2012. во Нориљск. Таа е студентка на Философскиот факултет при Московскиот државен универзитет Ломоносов.
Надежда, заедно со нејзиниот сопруг Петар Верзилов, била членка на групата „Војна“. Таа учествувала во мнозинството од прочуените акции на оваа група, меѓу кои се и скандалозниот групен секс во Биолошкиот музеј Тамирјазев во Москва во 2008 година, акцијата за истурање на бубашваби во зградата на Таганскиот суд во 2010 година (акција „Бубашвабин суд“), како и исцртувањето на фалус на Литејниот мост спроти зградата на Федералната служба за безбедност во Санкт Петербург.«Писькин бунт» — осмысленный, но беспощадный, Московский комсомолец, 17 март 2012.
Семејство Надежда е омажена за Петар Верзилов, кој исто така е уметник-акционист. Двојката има ќерка, Хера, која за време на апсењето на Надежда имала 4 години.
Поврзано Pussy Riot
Белешки Соучесничките Екатерина Самуцевич и Марија Аљохина биле исто така уапсени. Аљохина била уапсена истовремено со Толоконикова, додека Самуцевич на 16 март 2012 година.
Наводи
Надворешни врски Следствие перестраховалось , затворање на обвинението против Толоконикова.
Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Руски уметници Категорија:Pussy Riot Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски феминистки