Дона () — град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од Хајденау, во долината на Миглиц и е сместен западно од Рудните Планини. Бил познат како Донин во 1107, 1160 и до 1206; и од 1288 до 1408. Донајн до 1454, а други форми на името биле Донин, Донов и на крајот Дона. Името доаѓа од сопственост на дон(ови) од бохемиското име Здон.

Историја

Дона е еден од најстарите градови во Саксонија. Потекнува од 16 век п.н.е. и бронзеното доба. Првпат е споменат во 960 година во документ на императорот Ото I.

Бил поврзан со бохемискиот пат и стариот поштенски пад од Дрезден до Теплиц. Грофовијата било сместено помеѓу Грофовијата Мајсен, Кралството Бохемија и Готлојба.

Грофовијата било поразено во 1402 година, додека замокот бил седиште на владетелите до 1460 година, кога било преместено во Замокот Зоненштајн во Пирна.

Неговата изградба била повторно започната во 1845. Градот бил уништен од француските и руските трупи во текот на Наполеоновите војни.

Во 1999, Кетевиц и Кребс се придружиле на Дона. На 1 јануари 2002 година, градот станал седиште на истоимената општинска заедница.

Градски единици

Бортен Бозевиц Бургштетел Дона Гамиг Горкниц Кетевиц Кребс Мојзегаст Рерсдорф Зирбен Трониц

Главни знаменитости

Кулата на замокот, изградена во век Postmeilensäule, изграден во 1731 Alten Apotheke, изграден во 1690, локален историски музеј од 1992

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини