Штип — град во источниот дел на Република Македонија, распространет по долините на реките Брегалница и Отиња. Според пописот на населението од 2002 година, градот имал 40.016 (43.625 со Ново Село) жители и претставува најголемиот град во Источна Македонија и седми град по големина во Македонија (со 42 000 жители според Пописот од 2021 година). Штип е седиште на Штипската Општина и центар на Источнопланскиот Регион. Штип е еден од најстарите градови во Македонија. Во 2008 година, Свети Никола бил прогласен за заштитник на градот.Љ.Ш., „Утре во Ново Село ќе биде отворен музеј со восочни фигури на револуционери“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 21.
Историја Во пишуваните документи, името Астибо за првпат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век пр. н.е, кој известувал дека во реката Астибо (денешна Брегалница), биле крунисувани пајонските кралеви. Македонскиот крал Александар Први околу 360 година п.н.е. го приклучил ова подрачје кон античко-македонското царство. Штип се спомнува во 1 век од н.е., во време на римскиот цар Тибериј (14-37 година) како пајонскиот град Астибо и се вбројувал меѓу поголемите и позначајни старопајонски градови во источна Македонија. Научниците го лоцираат Астибо на просторот од денешниот стар дел на градот Штип, на источните падини на ридот Исар и местата Стар Конак, Тузлија и Горно Маало. Градот е забележен и во Табула Појтингемијана (античка карта од 4 век) како населба, една од станиците на патот за Стоби-Пауталија (Ќустендил) – Сердика (Софија).Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со карта на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 7.
мини|лево|Штип кон крајот на XIX век
Во доцната антика и во раниот византиски период, населбата постоела под името Стипеон, а во средниот век, околу 6 и 7 век, таа го добила денешното име Штип. Во средниот век, некаде кон крајот на 4 век и во текот на 7 век, за време на освојувањата на Аварите и Словените на Балканот настрадале речиси сите доцноантички и рановизантиски градови, вклучувајќи го и Стипеон. Штип постоел и во времето на Самуиловото Царство, во периодот меѓу 976 и 1014 година, а подоцна го освоиле Византијците. Во 9 век, градот бил под бугарска власт, а по Битката кај Велбужд крај (Ќустендил), Штип потпаднал под српскиот владетел Стефан Дечански.
Османлиски период Во 1395 година, Штип конечно паднал под власта на Османлиското Царство и станал каза (нахија) во составот на Ќустендилскиот Санџак. Оттогаш, па сè до 17 век, постојат малку пишувани документи за судбината на Штип.
Со шпанската инквизиција во почетокот на XVI век голем број на Евреи - Сефарди побегнале на територијата на Османлиското Царство, а дел од нив се населиле во Штип, што може да се забележи од турските извори од 1519 година кога во Штип живееле 38 еврејски семејства или 200 души.
Во еден документ од 1620 година, градот е спомнат како епископско седиште, а во 1661 година низ Штип поминал познатиот турски патописец Евлија Челебија. Тој го опишал градот со следниве зборови:Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 4-7.
мини|лево|Пазарот и градскиот часовник во Штип во почетокот на XX век мини|лево|Емир Ќучук Султанов мост на реката Брегалница во почетокот на XX век (изграден во 1672 година)
"Штип е кадилак со тврдина на ридот што чува стража. Во градот има џамии, бањи, голем карван-сарај и мала река."
Евлија Челебија запишал дека Штип имал 2.240 куќи, 24 муслимански храмови (џамии и месџети), седум теќиња, седум ана, два амама, еден карван-сарај, единаесет мектеби и една медреса. Градот имал чаршија со 450 занаетчиски и трговски дуќани, со безистен полн со скапоцена стока од сите седум подрачја на светот.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 85
Францускиот конзул Божур забележал дека во 1800 година градот имал од 3 до 4.000 жители.Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје
За време на австриско-турската војна, во 1689 година, Штип бил освоен од Австроунгарците, но во 1691 година повторно го зазеле Турците.
Во времето на Австриско-турската војна, градот претрпел големи оштетувања. Имено, при навлегувањето во градот, есента 1689 година, по наредба на генералот Пиколомини, најпрво го ограбиле, а потоа го запалиле. По овие страдања, Штип не можел да закрепне сè до XIX век, по што повторно се враќа во поранешниот сјај. Познатиот француски балканолог - Ами Буе (1794-1881), го посетил Штип во средината на XIX век и го нарекол златен град, кој тогаш имал околу 20.000 жители, од кои повеќето од половината биле христијанско население, град со развиена градска чаршија, со убави џамии, многу јавни чешми итн. Во овој период, Штип претставувал економски и културен центар во Источна Македонија. Во градот имало развиено занаетчиство од кое се издвојувале: кожарството, којунџиството, бочварството, чевларството и други. Штипските трговци-пазарџии, своите стоки натоварени на коњи ги разнесувале по околните кази. Токму во Штип, постоеле шарлаганџиски работилници во кои се преработувал афион.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр. 86
Во 1830 година, во Штип било отворено првото училиште на народен јазик, а во 1868 година, Јосиф Ковачев (1839-1898) го отворил првото педагошко училиште. Нешто подоцна, во 1872 година започнало со работа првото народно читалиште "Дејателност". При крајот на XIX век, од 1894 до 1896 година, во училиштето (изградено во 1872 година) во Ново Село предавал Гоце Делчев, идеологот на македонското национално ослободително движење.Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 9-10. Историја на Штип
Балканските и светските војни За време на Балканските војни, Штипската област била окупирана од бугарските и српските војски, а демаркационата линија помеѓу двете војски е повлечена по реката Брегалница, така што Штип и селата од левата страна ги окупирала Бугарија, која овде започнува да воведува своја администрација. Териториите од десната страна на реката ги окупира Србија.
Истата судбина на овој народ му се случува и за време на Првата светска војна. Меѓу 58 000 војници од Македонија опфатени со мобилизацијата има и многу штипјани кои учествуваат на многуте фронтови, како: Криволак 1915-1916, на Добруџанскиот фронт 1916 година и Македонскиот фронт од 1916 година. Меѓу другите ужаси и последици од Првата светска војна во Штип и Штипско се појавата на заразни болести, меѓу кои маларијата, пегавиот тифус, колерата и страотниот шпански грип.
За време на Втората светска војна, на 6 април 1941 Штип бил бомбардиран од страна на германски авиони што полетале од бази од Бугарија. Во првиот налет била бомбардирана Соколаната во која биле сместени две воени единици на Кралска Југославија, а во вториот налет Исарот и куќите од околните маала, како и градската болница. На 7 април 1941 година градот бил заземен од страна на 73-та пешадиска германска дивизија, а на 18 април истата година бугарскиот Генералштаб добил известување од командата на 12-та германска армија дека им се одобрува на единиците на Првата бугарска армија да навлезат во еден дел од Македонија. Бугарската окупаторска власт во Штип била воспоставена на 26 април 1941 година. На 11 март 1943 година, штипските Евреи (551 лице од 131 семејство) биле депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“, каде што речиси сите биле убиени, а успеале да се спасат само седуммина. Веднаш по депортацијата на Евреите, фашистите го разурнале Еврејското маало во центарот на Штип, заедно со еврејското училиште, синагогата и другите објекти.Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 9-10 и 40-41.„Евреите умееја да заработат и од она што другите го фрлаа“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 9. На 8 ноември 1944 година, единиците на НОБ го ослободиле градот. Штипјани учествувале активно во НОБ, при што во отпорот против окупаторите се вклучиле околу 2 000 борци. За време на окупацијата, 814 жители ги загубиле животите, од кои, 88 во директна борба против окупаторите.
Географија мини|десно|Железничката станица во Штип
Градот Штип се наоѓа во централниот дел на Источна Македонија. Се протега на површина од 13,5 км2 и лежи на надморска височина од 300 m. Градот е поделен на многу маала, меѓу нив се Леваците и Деснаците, ситуирани на левата и десната страна од горниот тек на реката Отиња. Градот е сместен меѓу висините на Исарот, Мерите и Кумлакот. Малата река Отиња (долга 3 км) тече низ центарот на Штип и го дели на два дела. Исто така, низ Штип поминува и реката Брегалница. Отиња се влева во реката Брегалница, во југозападниот дел на градот, во Штипско Ново Село. Составен дел на градот Штип е Ново Село, кое се наоѓа во јужниот дел на градот, во клисурата на Брегалница, веднаш зад Исарот, на патниот правец кон Радовиш. Ново Село продолжува во Кежовица Маало, кое се простира до минералните геотермални извори Кежовица и Л'џи (со температура на водата меѓу 58 и 62 степени).Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 8-9.
Населби и маала Центарот на градот се простира помеѓу ГТЦ и градската црква Св. Никола. Исарот е маало на падините на истоимениот рид. Во маалото наречено Радански пат, претежно живеат граѓани од ромскиот етникум. Од останатиот дел од Штип, од постарите маала се: Стар Конак, Кадидере, Тузлија, Горно маало и Ново Село. Од поновите населби претежно изградени после Втората светска војна се: Осми Ноември (според денот на ослободувањето), Сењак (1-4), Пребег, Дузлак, Пелтеково Имање, Баби (1-6), Леваци, Деснаци, Македонка, Балканска, Суитлак, Автокоманда, Пролет, Железничка, Каленица, Сончев град, Плуждино и други.
Население
Според пописот на Ќустендилскиот санџак, во чиј состав влегувала Штипската нахија, во 1519 година, Штип имал околу 2.700 жители, т.е. 201 турско семејство, 6 христијански маала со 333 семејства и едно еврејско маало со 15 семејства. Во 1797 година, Штип имал 3.000 жители, а во 1807 година, двојно повеќе. Во 1837 година, Штип веќе имал 17.000 жители, а во 1899 година, 20.900 жители.Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 40 и 46.
Според пописот од 2002 година, градот Штип (без Ново Село) броел 40.016 жители. Заедно со Ново Село, населението на Штип изнесувало 43.652 жители, од кои, 38.323 (87,85%) се Македонци.
Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот Штип (заедно со Ново Село) имало 43.652 жители и спаѓал во групата на средни градови, а бил седми град по големина во Република Македонија. Етнички гледано, населението е составено од:
Националност Вкупно Македонци 38 323 Турци 887 Роми 2 184 Албанци 12 Власи 1 727 Срби 272 Бошњаци 11 Други 246
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
Јазик ВкупноУдел (%) македонски 38.846 88,99 албански 4 0,01 турски 1.825 4,18 ромски 1.146 2,63 влашки 1.431 3,28 српски 214 0,49 бошњачки 5 0,01други 181 0,41
Вероисповед
Во Штип се застапени следните религиски групи:
Вероисповед ВкупноУдел (%) Православни 39.127 89,63 Муслимани 3.145 7,20 Католици 74 0,17 протестанти 5 0,01 други 1.301 2,98
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Штип:
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 19489.050219776063441 —263 — 11.361 1953 11.258 34 1.426 653 7 226 — 241 — 13.845 1961 17.527 71 783 — — 483 — 1.405 — 20.269 1971 23.845 43 1.862 178 — 469 — 827 — 27.224 1981 31.359 65 1.473 1.029 955 472 — 877 — 36.230 1991 37.235 32 1.156 1.518 1.484 515 — 886 — 42.826 1994 37.136 18 877 1.449 1.694 283 — 273 — 41.730 2002 38.323 12 877 2.184 1.727 272 11 246 — 43.652 2021 32.658 29 1.022 2.293 1.389 163 12 288 4.146 42.000
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Стопанство