Џонатан Кастровјехо Николас (; р. во Гечо, Баскија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Кариера
Откако возел две сезони за послабата екипа на де факто националниот баскиски состав, тој му се придружил на во 2010. Првата победа како професионалец ја остварил на Тур де Романди 2011, забележувајќи најбрзо време на прологот од 3,5 километри, победувајќи го светскиот првак под 23 години Тејлор Фини за 0,27 секунди. Резултатот стигнал само еден ден по 24. роденден на Кастровјехо.http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/prologue/results Неговата вештина за хронометри била релативно необична за возач од , бидејќи екипата е позната за лесни возачи со мали способности на хронометрите. Меѓутоа, победата на етапата на Тур де Романди, не била целосен шок - порано во сезоната, Кастровјехо завршил осми на завршниот хронометар на Тирено-Адријатико, надминувајќи ги времињата на Густав Ларсон, Кедел Еванс и Дејвид Забриски, сите познати специјалисти за хронометри. Подоцна, Кастровјехо се покажал солидно и на вториот хронометар на Тур де Романди, завршувајќи деветти на патеката од 20,1 километар, подобар од Марко Пиноти и Жан Кристоф Перо (помеѓу другите), обајцата поранешни прваци во хронометар во своите земји.http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/stage-4/results
Кастровјехо преминал во за сезоната 2012. Ја носел водечката маичка на Вуелта а Еспања на две етапи, откако неговата екипа победила на воведниот екипен хронометар и прв поминал низ целта, но изгубил два дена подоцна од колегата Алехандро Валверде. Кастровјехо не можел да го следи пеколното темпо поставено од Алберто Контадор () на последното искачување на третата етапа.
Во 2015 година, Кастровјехо по вторпат во својата кариера го освоил националното друмско првенство.
На 17 август 2017 година било објавено дека Кастровјехо ќе се приклучи на од сезоната 2018.
Достигнувања
2009 1. Етапа 3 Тур ду Хаут Анжу 1. Пролог Ронд де л’Изар д’Ариеж 1. Етапа 5 Тур де л’Авенир 2010 1. Спринтерски пласман Волта а Каталуња 2011 1. Пролог Тур де Романди 1. Етапа 1 (ITT) Вуелта а ла Комунидад де Мадрид 2. Шпанско хронометарско првенство 2012 Вуелта а ла Комунидад де Мадрид 1. Етапа 1 (ITT) 1. Спринтерски пласман 1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања 1. 20п Бодовен пласман Вуелта а Мурсија 6. Краен пласман Енеко Тур 2013 1. 20п Национално хронометарско првенство 8. Краен пласман Волта ао Алгарве 2014 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 2015 1. 20п Национално хронометарско првенство 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 3. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 4. Светско хронометарско првенство 1. 20п Екипен пласман Тур де Франс 2016 1. 20п Европско хронометарско првенство 2. Национално хронометарско првенство 2. Хроно де Насионс Светски првенства 3. 15п Поединечен хронометар 6. Екипен хронометар 4. Олимписки хронометар 2017 1. 20п Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 3. Хроно де Насионс 7. Краен пласман Тирено-Адријатико 7. Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 3 (ITT) 10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана 2018 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине 2. 15п Европско хронометарско првенство 6. Светско хронометарско првенство 20п Награда за борбеност на етапа 19 на Вуелта а Еспања 2019 1. 20п Национално хронометарско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——57———— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—97—24—6070 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта148—65—36—100
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Баскиски велосипедисти Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Гечо Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Шпанија