Сајмон Кларк (; р. ) — австралиски професионален друмски велосипедист и поранешен велодромски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Претходно настапувал за екипите (2011) и (2012–2015). Пред да стане професионален велосипедист, Кларк настапувал во велодромски велосипедизам и бил носител на стипендија од австралискиот институт за спорт.Cycling Australian road cycling team announced for world championships Тој не е поврзан со сонародникот и поранешниот колега Вил Кларк.

Професионална кариера

Кларк ја освоил четвртата етапа на Вуелта а Еспања 2012, откако бил дел од раното бегство на планинската етапа. Единствен друг преостанат член на бегството бил возачот на Тони Мартин, кого Кларк го отспринтал и стигнал до својата прва професионална победа во својата кариера. Во текот на дваесеттата етапа, Кларк завршил прв на првите три категоризирани искачувања, од вкупно пет, со што ја освоил наградата за најборбен возач на етапата и ја обезбедил сината точкеста маичка, како победник во планинскиот пласман.

Во септември 2015 година било објавено дека Кларк ќе се приклучи на екипата за сезоната 2016. Бил додаден на составот на Австралија за Летните олимписки игри 2016, заменувајќи го Сајмон Геранс, кој доживеал пад на Тур де Франс.

Во ноември 2020 година било објавено дека Кларк ќе се приклучи на екипата за сезоната 2021. Кларк ја освоил петтата етапа на Тур де Франс 2022. Се приклучил на победничката група на бегалци на етапа која вклучувала единаесет делови на калдрма, многу од нив биле непознати делови кои никогаш претходно не биле возени на Тур или на Париз-Рубе. Кога започнала третата седмица бил принуден да се откаже од Тур по првпат во неговата кариера поради позитивен тест на КОВИД.

Достигнувања

2004 1. 20п Светски јуниорски првак во екипна потера 2005 5. ГП Индустри дел Мармо 8. Класик Мелбург-Варнамбул 10. Краен пласман Џиро деле Реџони 2006 1. 20п Национален јуниорски првак во медисон 4. Краен пласман Џиро деле Реџони 5. Трофео Чита ди Бреша 7. Краен пласман Вуелта а Навара 1. Етапа 4 8. Краен пласман Хералд Сан Тур 8. Краен пласман Тур Даун Андер 9. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години 2007 2. ГП Палио дел Речиото 3. Национално друмско првенство под 23 години 3. Даун Андер Класик 3. ГП Либерационе 6. Краен пласман Трка околу Британија 7. Краен пласман Хералд Сан Тур 1. 20п Пласман за млад возач 7. Краен пласман Сиркуито Монтањес 8. Џиро дел Мендрисиото 8. ГП Каподарко 10. Краен пласман Тур Даун Андер 1. 20п Пласман за млад возач 2008 1. 20п Национален друмски првак под 23 години 1. Трофео Чита ди Сан Вендемијано 1. Етапа 4 Трка околу Јапонија 2. ГП Каподарко 2. Ла Кот Пикард 2. Трофео Алчиде Дегаспери 4. Трка околу Фландрија под 23 години 6. Краен пласман Трка околу Ирска 7. Трофео Чита ди Кастелфидардо 2009 8. Краен пласман Трка околу Британија 8. Трофео Лаигвелја 8. ГП дел’Инсубрија 10. Меморијал Чимури 2010 4. ГП Индустрија & Артиџанато 2011 5. Копа Уго Агостони 5. Тре Вали Варезине 7. Џиро дел Фриули 7. Ватенфал Класик 10. Гран при Квебек 2012 Вуелта а Еспања 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 4 Награда за борбеност Етапа 20 2. Краен пласман Трка околу Норвешка 2. ГП Рогаланд 5. Краен пласман Тур ду Хаут-Вар 7. Јапонски куп 2013 Тур де Франс 1. Етапа 4 (ТТТ) 20п Награда за борбеност на етапа 3 7. Светско друмско првенство 2014 1. 20п Краен пласман Хералд Сан Тур 1. Етапа 2 4. Гран Премио Чита ди Камаиоре Тур де Франс 20п Награда за борбеност на етапа 12 2015 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија 2. Друмска трка Кедел Еванс 4. Краен пласман Хералд Сан Тур 10. Меѓународен велосипедистички друмски предизвик 10. Пруеба Вилјафранка де Ордисија 2016 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 2017 6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 2018 1. Етапа 5 Вуелта а Еспања 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија 2019 2. Краен пласман Тур Ла Прованс 1. 20п Бодовен пласман 2. Амстел Голд Рејс 8. Краен пласман Тирено-Адријатико 8. Страде Бјанке 9. Краен пласман БинкБенк Тур 9. Милано-Санремо 2020 1. Класик Ла Дром 2021 5. Класик Дром Ројал Бернар 5. Класик Примус 8. Страде Бјанке 2022 1. Етапа 5 Тур де Франс 3. ГП Мигел Индураин 3. Трофео Сера де Трамунтана 5. Трофео Калвија 6. Трофео Поленса - Порт д’Андрат

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро———6367———75—— 20п Тур—68113——8610061—123СО 20п Вуелта776970—СО7446————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Спортисти од Мелбурн Категорија:Австралиски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Австралиски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Австралија