Аеродромот Ерфурт/Вајмар е главен аеродром на Ерфурт, Германија, кој го променил името од Аеродром Ерфурт во 2011. Промената настанала поради маркентиншки причини, надевајќи се дека додавањето на 'Вајмар' на името ќе придонесе за поголема популарност на областа.
Поврзаност
Со продолжувањето на трамвајот бр. 4SWE-EVAG ("AirCombino") до предградието Биндерслебен и новата станица за трамвај отворена пред самиот аеродром (од 21 јуни 2005), пристугнувајќи на секои 10-20 минути, може да се стигне до самиот центар на градот и железничката станица за околу 20 минути. Оддалеченоста помеѓу аеродромот, кој е западно од градот и центарот е 5 километри.
Авиопревозници и одредишта
Аеродромот нудел и превоз од Аеродромот Лондон Станстед преку ирскиот нискобуџетен превозник Ryanair, кој се завршил на 19 јануари 2005, кога авиопревозникот се префрлил на Аеродромот Лајпциг/Алтенбург оставајќи го аеродромот без нискобуџетни летови.
Наводи
Надворешни врски
Аеродром Ерфурт/Вајмар
Категорија:Аеродроми во Германија Аеродром Категорија:Згради и градби во Тирингија Категорија:Сообраќајот во Тирингија