Речица — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 557 жители, од кои 445 Срби, 110Македонци, 1 Албанец и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 479 жители, од кои 83 Македонци, 300 Срби, 4 останати и 92 лица без податоци.

Родови

Речица е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Српски родови

Грнчари (6 к.), Стојановиќи (2 к.) и Томиќи (1 к.) доселени се од селото Стајевци во Горна ПчињаДолно Коњаре; Јовановиќи (3 к.) доселени се од селото Радовница во Горна ПчињаДолно Коњаре; Николиќи (6 к.) доселени се од селото Томник кај ПиротДолно Коњаре; Поповиќи (3 к.), Вучковиќи (1 к.) и Петровиќи (1 к.) доселени се од различни села во околината на ПиротДолно Коњаре; Божовиќи (1 к.) доселени се од Црна Гора. До овде наведените родови се доселени во периодот помеѓу 1922 и 1923 година. Радовничани (16 к.), Стајовчани (16 к.), Лесничани (10 к.), Каловчани (2 к.), Сурличани (2 к.) и Ѓерекари или Поповиќи (1 к.) доселени се од селата Радовница, Стајевци, Лесница, Калово, Сурлица и Ѓерекара во Горна Пчиња. Доселени се после Втората светска војна.

Македонски родови

Страчинци (2 к.) доселени се од селото Страцин кај КратовоДолно Коњаре; Луковчани (1 к.) доселени се од селото Луке кај Крива Паланка.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности Вујадин Станојковиќ, поранешен југословенски и македонски фудбалер и тренер

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово