мини|233x233пкс|Лајош Парти Наѓ Лајош Парти Наѓ (унгарски: Parti Nagy Lajos), (1953, Сексард, Унгарија -) е современ унгарски писател - поет, драматург и прозаист.
Животопис Лајош Парти Наѓ е роден во 1953 година во Сексард. Во 1977 година дипломирал унгарски јазик и историја на универзитетот во Печ. Од 1979 до 1986 година бил уредник на списанието "Jelenkor". Во 1986 година се преселил во Будимпешта и оттогаш работи како слободен писател. Во 1994 година добил стипендија на германската фондација "Kulturfonds Wiepensdorf".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 225.
Творештво Лајош Парти Наѓ е автор на поголем број поетски и прозни дела кои се преведени на германски и полски јазик. Исто така, два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
Негови поважни дела се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 226. Ни тапани ни труби (кратка проза), 1993 година Разбранетиот Балатон (раскази), 1994 година Ибушар (драма), 1996 година Мавзолеj (драма), 1996 година
Под името Јолан Шарбогарди ги објавил следниве дела: Ангелот на телото (роман), 1997 година Просторот на мојот херој (роман), 2000 година Графитнес (песни), 2003 година Ногата на замрзнатото куче (раскази), 2006 година Обнова на кадарот (драма), 2006 година
Признанија Лајош Парти Наѓ е добитник на повеќе награди, како што се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 223. Книжевна награда на Уметничкиот фонд, 1983 година Награда на Унгарската Академија на науките од Сорос, 1988 и 1993 година Наградата "Грејвс", 1991 година Наградата "Атила Јожеф", 1992 година Книга на годината во Унгарија, 1994 година Наградата "Сорос", 1994 година Ловоров венец на Република Унгарија, 1996 година Наградата "Микеш Келемен", 1996 година Наградата "За Будимпешта", 2003 година Наградата на унгарската книжевност, 2004 година Крстот на Република Унгарија, 2005 година Наградата "Кошут", 2007 година
Наводи
Категорија:Унгарски писатели Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1953 година