Луковица или Луканица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска

Географија и местоположба Луковица се наоѓа во областа Осоговија, во сливното подрачје на реката Брегалница, недалеку во источен правец од Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и се простира на надморска височина од 580-670 м. Селскиот атар зафаќа површина од 8 км2.

Историја Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство Селото има главно полјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 364 ха, на шуми отпаѓаат 244 ха, а на пасишта 164 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Луковица живееле 140 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Луковица имало 80 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Луковица живеат 269 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 297 жители, од кои 279 Македонци, 5 останати и 13 лица без податоци.

Општествени установи Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.

Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 606 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 212 гласачи.

Културни знаменитости Археолошки наоѓалишта Ѓурѓина Ливада — тумул, населба и црква од железно, римско и старохристијанско време; Могили — могили од римско време.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Македонска Каменица