Васил Василевич Кириенка (; р. во Речица) — поранешен белоруски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2006-2020 за екипите ОТЦ Дорс, , , и . Моментално работи како спортски директор за континенталната екипа .

Кариера Рани години

Васил Кириенка ја започнал својата кариера во екипата на Радспорт-Тим Група ПСБ во 2004 година. Следната 2005 година, тој победил на еднодневната трка Копа дела Паче и станал државен првак во хронометар. Во 2006 година, Кириенка настапувал за латвиско-швајцарската континентална екипа Риетуму Банк-Рига-Идеал. Меѓудругото, тој завршил на четвртото место на гран при трката во Талин и победил на една етапа од трката Корс де ла Солидарите во Полска. На светското првенство во друмски велосипедизам во Салцбург, Кириенка бил изненадувачки шести на хронометарската трка. Во 2007 и 2008 година, тој возел за руско-италијанската професионална континентална екипа .

Кириенка ја освоил првата национална титула во хронометар во 2002 година. Првично бил насочен кон велодромските дисциплини, каде ја освоил бодовната трка на Светското првенство во 2008 година. Подоцна во сезоната, Кириенка ја освоил етапата 19 на Џиро д’Италија, планинска етапа до Презолана, откако го поминал денот во напад и забележувајќи над шест и пол часа на седиште. Ги нападнал останатите шест члена на бегството на подножјето на искачувањето Монте Пара за победа со разлика од над четири минути.

Кејс д’Епарњ (2009–2012)

мини|лево|Кириенка настапувајќи на олимпискиот хронометар 2012 во Лондон

Кириенка преминал во шпанската екипа Кејс д’Епарњ за сезоната 2009.

На 23 мај 2011 година, во текот на Џиро д’Италија 2011, колегата на Кириенка Хавиер Тондо починал во бизарна случка во неговиот дом додека се подготвувал да тренира со колегите. Бил згмечен помеѓу неговиот автомобил и вратата од гаражата. Пет дена подоцна, Кириенка возел за победа во солонапад на дваесеттата етапа, планинска завршница до Сестриере, каде ја посветил етапната победа на Тондо, покажувајќи кон небото кога поминал на целта. Екипата разгледувала опција да се повлече од трката по смртта на Тондо, но возачите едногласно гласале да продолжат. Кириенка изјавил дека екипата на Џиро се надевала да добие уште една етапна победа (бидејќи победата на Франсиско Вентосо била пред смртта на Тондо) во негова чест.

Во септември 2012 година, Кириенка завршил трет на индицидуалниот хронометар на Светското првенство.

Тим Скај (2013–2020)

мини|Кириенка на Тур де Франс 2014

Кириенка го напуштил на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на со тригодишен договор од сезоната 2013.

Во мај 2015 година, Кириенка го освоил поединечниот хронометар]] на Џиро д’Италија, кој бил долг 59,5 километри. Во јуни 2015 година го освоил поединечниот хронометар на воведните Европски игри во Баку. На 23 септември 2015 година, Кириенка победил на поединечниот хронометар на Светското првенство во Ричмонд.

Кириенка бил знаменосец на родната Белорусија на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, каде што настапил на хронометарската трка; завршил на 17. место. Во октомври настапил на истата дисциплина на Светското првенство во ДОха, каде го освоил сребрениот медал – со што се стекнал со еден медал од сите бои во неговата кариера.

Во јануари 2020 година, Кириенка се повлекол од спортот поради повторливи „срцеви проблеми“.

Достигнувања

1999 3. Национално хронометарско првенство 2000 2. Национално хронометарско првенство 2001 2. Национално хронометарско првенство 2002 1. 20п Национално хронометарско првенство 2003 Светски велодромски куп Акваскалиентес 1. 15п Поединечна потера 3. 15п Екипна потера Европско првенство под 23 години 3. 15п Поединечна потера 3. 15п Екипна потера 2004 Национални друмски првенства 2. Хронометар 3. Друмска трка 3. 15п Светски велодромски куп Акваскалиентес - поединечна потера 6. Краен пласман Трка околу Турција 2005 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 15п Светски велодромски куп Манчестер - бодовна трка 1. Копа дела Паче 1. Џиро дел Касентино 1. Копа Комуне Кастелфранко ди Сопра 1. Копа Мобилио Понсако - хронометар 1. Етапа 3 Џиро дела Тоскана под 23 години 2006 1. 20п Национално хронометарско првенство Светски велодромски куп 1. 15п Скреч, Сиднеј 2. 15п Бодовна трка, Москва 3. 15п Бодовна трка, Сиднеј 2. Краен пласман Скандинавска недела 1. Етапа 3 2. Скандинавијан Опен 3. 15п Светско велодромско првенство - Бодовна трка 3. Рига ГП 4. ЕОС Талин ГП 4. Шлаким 5. Краен пласман Пет прстена околу Москва 6. Светско хронометарско првенство 8. Краен пласман Курс де ла Солидарите Олимпик 1. Етапа 6 2007 1. Етапа 3 Стер Електротур 1. Етапа 5 Вуелта а Бургос 2. Краен пласман Етоал де Бесеж 2. Екипен хронометар Ајндховен 3. Национално хронометарско првенство 7. Краен пласман Тирено-Адријатико 8. Краен пласман Трка околу Австрија 9. Светско хронометарско првенство 9. Тур ди О Вар 9. Гран при де Фурмје 2008 1. 20п Светско велодромско првенство - бодовна трка 1. Етапа 19 Џиро д’Италија 1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда 2. Краен пласман Стер Електротур 2. Национално хронометарско првенство 2. ГП Чита ди Камаиоре 7. Краен пласман Вуелта а Мурсија 2011 1. 20п Краен пласман Рут ди Суд 1. Етапа 20 Џиро д’Италија 2. Краен пласман Критериум Интернасионал 1. 20п Бодовен пласман 9. Краен пласман Вуелта а Мурсија 10. Краен пласман Трка околу Баскија 1. Етапа 2 2012 3. 15п Светско хронометарско првенство 6. Краен пласман Критериум ди Дофине 2013 1. Етапа 18 Вуелта а Еспања Светско друмско првенство 3. 15п Екипен хронометар 4. Поединечен хронометар 2014 1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 3. Краен пласман Трка околу Баварија 4. Светско хронометарско првенство 20п Награда за борбеност на етапа 11 на Вуелта а Еспања 2015 1. 20п Светско хронометарско првенство 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 15п Хронометар на Европските игри 1. Етапа 14 (ITT) Џиро д’Италија 1. Хроно де Насионс 2016 1. Хроно де Насионс 2. 15п Светско хронометарско првенство 2017 Светско хронометарско првенство 3. 15п Екипен хронометар 5. Хронометар 6. ГП Мигел Индураин 2018 1. 20п Национално хронометарско првенство 9. Светско хронометарско првенство 2019 1. 15п Европски игри - хронометар

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро35733725 — — —84 —102СО — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — —60СО77СО86 —103112— — 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта3416 — — —7311083 ———СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Достигнувања на Cycling Base

Категорија:Белоруски велосипедисти Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белоруски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Белоруски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Белорусија Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Велодромски велосипедисти