Битуше — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Потекло на името

Селото најпрвин запишано како Битуше се сретнува во 1467 година во турски документи. За значењето на името постојат повеќе објаснувања:

Од личното Бит, што доаѓа од старословенскиот јазик, кое пак се поврзува со латинското име Витус (Vitus) Придавно образување од личното име Битух (Битомир) или Битуш од старословенската основа „бит“ Од синтагматската форма Битуша, што означува „село кое му припаѓало на Битух“

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на селото

Ова мошне интересно село според својата местоположба и развиток се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, чиј атар се издига на источната падина на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Тоа е сместено во кањонскиот дел на реката Радика, од нејзината десна страна. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 954 метри.

Селото е сместено на повисока тераса, под врвот Крчин. Оддалечено е 35 километри југозападно од Маврово и 20 километри северно од Дебар. Самото село е целосно сместено во атарот на националниот парк „Маврово“.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мравјаник, Драга, Ливаѓе, Јолменица и Велоска Ливада.

Селото има збиен тип, куќите се наредени блиску една до друга на стрмнина. Поделено е на две маала: Село и Ранчевци, а помеѓу нив се наоѓа третото маало Топузовци.

Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир. Битуше со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште отсекогаш претставувал посебен крај со свои специфични белези и одлики.

До селото води асфалтен пат, а поголемиот дел од куќите се во добра состојба. Поголемиот дел од куќите се на два или три ката, изградени од камен.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во 2002 година е забележано свлечиште при што биле уништени обработливи површини. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.

Историја

мини|300п|десно|Битуше во 1908 година

По предание за селото се верува дека е „старо“. Кога владеела чума, селото било преорано со две јуници близнаци и така било спасено. Тука живеел главатарот Јован Опута.

Пишани докумени за селото и неговото настанување не постојат. Првпат селото е споменато во турските пописни дефтери од век, но сепак постојат сознанија дека Битуше е многу постара населба.

Според некои, извесен Јован (или Иван) како еден од 70. ученици на Климент и Наум бил битушанец и дека тој бил всушност ктитор на Бигорскиот манастир, односно дека токму тој ја донел иконата на Свети Јован од изгорениот истоимен манастир во близина на селото Слатино, Дебрца, кој пак бил запален во почетокот на век.

Во век, Битуше било село во Реканската Каза на Отоманското Царство.

Битуше е единствено и меѓу 23 села од десната страна на Радика, разместени по огранките на Кораб и Дешат, во кое не била извршена исламизација на населението. Со векови постои како чисто христијанско село и не е познато поради која причина, отоманските власти не извршиле потурчување во селото. Сепак, селото со векови живеело во братска слога со останатите жители од овој крај.

Во Битуше за време на народноослободителната војна, во ноември 1942 година, проработела првата партизанска печатница во Македонија. Целото село било на страната на НОИВ и ПОМ и од него излегло еден народен херој Тихомир Милошески–Тиќо и петмина носители на Партизанска споменица од 1941 година. Вкупно 38 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото зафаќа простор од . На него преовладуваат шумите на површина 287,9 хектари, пасиштата заземаат 210,2 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 70,7 хектари.

Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.

Население

мини|300п|десно|Традиционален обичај, носење на невестата на чешмата во Битуше, почеток на XX век

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Битуше е село со 100 домаќинства и 327 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Битуше живееле 560 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Битуше имало 576 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Битуша се води како чисто македонско село во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 72 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Од Битуше се иселил добар дел од населението, така што тоа преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година селото броело 581 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 172 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Битуше имало 96 жители, од кои 95 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 128 Македонци, 1 Албанец, 1 Турчин, 1 Србин, 29 останати и 1 лице без податоци.

Родови

Во Битуше отсекогаш живееле исклучиво православни Македонци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Битуше живееле следните македонски православни родови распоредени во маала:

Ранчевско Маало: Тримовци, Јовановци и Постоловци, сите заедно имаат (30 к.); Средно Маало: Шапковци, Топузовци, Гиговци и Ќулумовци, сите заедно имаат (20 к.); и В’село: Камберовци, Дуровци, Дамчевци, Бабаровци, Митревци и Фидановци, сите заедно имаат (40 к.).

Родот Шапковци е доселен од Негуш во Грција (Егејска Македонија) во времето кога бил разорен градот (околу 1821 година). Нивниот предок бил откупен од главатарот Јован и бил донесен во селото. За останатите родови не се знае од каде се доселени.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Ростуша, во која покрај Битуше се наоѓале и Аџиевци, Велебрдо, Галичник, Јанче, Присојница, Ростуша, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на Општина Ростуша, во која влегувале селата Битуше, Велебрдо и Ростуша.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0472 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 54 гласачи.

Културни и природни знаменитости

300п|мини|десно|Главната селска црква „Св. Архангел Михаил“

Цркви Црква „Св. Архангел Михаил“ — главната селска црква, се наоѓа сретсело; Црква „Св. Илија“ — црква во месноста Дабје (Добје); Црква „Вознесение Христово“ — црква во месноста Дабје; Црква „Св. Преображение“ — мала црква на Крчин, стара и нова; и Црква „Св. Кирил и Методиј“ — скит на Бигорскиот манастир, темелот му бил осветен на 31 мај 2014.Се осветија темелите на храмот во чест на Светите Браќа Кирил и Методиј

Споменици на културата Во селото Битуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласен е еден објект како споменик на културата и со тоа за културно наследство на Македонија: Партизанска печатница „Гоце Делчев“ — прва илегална партизанска печатница во Македонија, која работела во периодот ноември 1942 до јуни 1943 година

Реки Битушница — мала река која тече низ селото

Редовни настани

Водици Илинден Архангел Михаил

Личности

Родени во Битуше

Јован Опута — ќеаја, еден од најмоќните и најбогати селски сточари и големопоседници во Мијачијата; Атанасије (Ташко) Николиќ — протојереј и старешина на Бигорскиот манастир; Иван Ангелов — мајстор, носител на орден „За храброст“ IV степен од Балканските војни; Никола (Нико) Гаврилов — мајстор, носител на орден „За храброст“ IV степен од Балканските војни; Серафим Павлов — ѕидар, носител на орден „За храброст“ IV степен од Балканските војни; Георги Рафаилов — ѕидар, носител на орден „За храброст“ IV степен од Балканските војни; Тримо Арсов — мајстор, носител на бронзов медал од Балканските војни; Алекса Китановиќ — градоначалник на општина Ростуше до 1939 година; Мино Миновски — првоборец, носител на партизанска споменица, учесник во НОБ и делегат на Првото заседание на АСНОМ, како и прв директор на градежното претпријатие Карпош; Љубица Апостолска — учесник во НОВ на Македонија Ѓурѓа Божиновска — учесник во НОВ на Македонија Зорка Божиноска - Николоска — учесник во НОВ на Македонија Морфа Василевска — учесник во НОВ на Македонија Селвија Гавриловска — учесник во НОВ на Македонија Кала Ѓороска — учесник во НОВ на Македонија Софија Инадеска — учесник во НОВ на Македонија Митре Инадески — првоборец, учесник и автор на неколку книги за НОБ; Јорда Исјаноска — учесник во НОВ на Македонија Јанко Лазаревски — професор и декан на Земјоделско-шумарски факултет, Скопје; Русе Бошковски — гинеколог, асистент на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Здравствениот дом во селото Ростуше, кој денес го носи неговото име; Аритон Попоски — македонски филолог и етнолог; Милош Милошески — поранешен секретар на Македонска академија на науките и уметностите; Бранко Бишковски — македонски поет и пејач на народни песни; Кирил Рилски (1861-1946) — архимандрит, привремен управител на Дебарската епархија од 26 април 1916 до 18 декември 1918 година; Саре Илкоски (1865-1928) — градител, со својата тајфа изградил околу 40 цркви во Скопско, Гостиварско, Србија, Бугарија и во Егејскиот дел на Македонија; Тихомир Милошевски (1915-1984) — народен херој на Македонија, генерал-полковник и прв командант на македонските воени единици во текот на НОВ на Македонија; Бојана Илкоска-Аврамоска ( 1923 во Битуше — ) — учесник во НОВ на Македонија Блаже Павловски (1931-1987) — македонски поет; Никола Фидановски-Кочо (р. 1946) — академски сликар, добитник на наградата „Нерешки мајстори“, како и на највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на уметноста, државната награда „Св. Климент Охридски“; Гале Фиданоски (р. 1936) - македонски новинар и публицист; Ратко Топузовски - директор на осмолетката во с.Ростуше, писател и новинар во Македонско Радио - Радио Скопје, Нова Македонија, Вечер и Битушки весник;

Со потекло од Битуше Лилјана Николовска — југословенска и хрватска пејачка на сплитската група Магазин; нејзиниот татко е од Битуше

Култура и спорт Обичаи

Селото Битуше се одликува со посебни обичаи. Особено интересен период е неделата помеѓу празниците Водици и Свети Јован Крстител. Традицијата е пренесувано од колено на колено и истата се одржува и денес. но сепак е недоволно позната во пошироката јавност.