Леуново — село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро.

Географија и местоположба

Селото Леуново се наоѓа во Мавровската Котлина, на источниот брег на Мавровското Езеро. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.

Селото е поврзано со асфалтниот локален пат P-413 со соседните села Никифорово и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 25 километри.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Арамиски Камен, Церовска Шума, Бунец, Крстец, Коџа, Старци, Трскини Млаки, Братковица, Крш, Зад Пешт, ’Рт, Долно Поле, Масикица, Колена Вода и Мокорце.

Селото има збиен тип, поделено на Горно и Долно Маало.

Во близина на селото се наоѓа и браната „Леуново“, која е составен дел од мавровскиот хидроенергетски систем. Самата брана била обновена во текот на 2013 година, при што била зајакната нејзината градба, а самата целина била хортикултурно средена, а на самата брана била изградена патека.

Историја

Селото првпат се споменува во текот на век во грамотата на Константин Тих.

Според мештаните, селото првобитно се наоѓало во месноста Ѓоновица, каде се среќаваат остатоци од средновековна населба.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Во поновата македонска историја, од Леуново потекнуваат бројни борци во НОБ за Македонија, при што самото село поднело 15 жртви. На 21 август 1943 година, селото е целосно запалено и изгорено од страна на балистичките банди.

Во последните години селото се соочува со особени проблеми со електричното осветлување.

Стопанство

Во поново време, селото е насочено кон развој на селскиот туризам, притоа искористувајќи ги придобивките на близината на Мавровското Езеро и Маврово како зимски туристински центар во Македонија. Постојат повеќе пансиони и хотели.

Население

Населението во селото започнало да се намалува по првите реформи и индустријализацијата на земјата во времето на Југославија, кога жителите започнале да се иселуваат по градовите, со што бројноста на селото започнала драстично да се намалува. Неповолно кон бројот на жители се одразило и потопувањето на Мавровската Котлина, како и плодното земјиште на селото.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Леуново имало 955 жители.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Леуново имало 840 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 150-151.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.

Низ годините во селото Леуново, освен Македонци, живееле и помал број на Албанци, Турци и Срби.

Според пописот од 2002 година, во Леуново живеат само 6 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 27 Македонци и 4 лица без податоци.

Родови Леуново е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите родови во селото биле:

Доселеници: Караџовци (10 к.), Рудинци (7 к.), Белковци (3 к.), Мердановци (3 к.), Зелемборовци (20 к.), Стојановци и Цагулевци (25 к.), Мануковци (5 к.), Карапанџовци (5 к.), Димевци (19 к.) и Марковци (20 к.) сите се доселени од областа Порече.

Во селото некое време имало и Албанци. Тие припаѓале на родовите: Голаовци и Аметовци (13 к.) доселени од областа Љура во Албанија.

Самоуправа и политика Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Никифорово, во која покрај Леуново се наоѓале и Маврово и Никифорово. Самата Општина Никифорово била дел од Гостиварската околија. Општината Никифорово постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости

мини|250п|десно|Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“

Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква

Споменици Споменик „Стрелање“ — посветен на жртвите од НОБ, изработен од страна на вајарот Томе Серафимовски

Археолошки наоѓалишта Ѓоновица — средновековна населба Долномаалски Гробишта — средновековна црква Сув Дол — средновековна црква и некропола

Езера Мавровско Езеро — вештачко езеро

Редовни настани

Голема Богородица — селска слава

Личности Личности родени во Леуново: Ксенте Богоев (1919 - 2008) — македонски општественик, академик и универзитетски професор. Поранешен професор и декан на Економскиот факултет во Скопје, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, член на Претседателството на СРМ, член и претседател на МАНУ. Тихомир Шаревски (1921 - 2004) — партизан, деец на НОБ Малинка Ѓоревска (1905-1948) — учесник во НОВ на Македонија Веца Ѓоревска (1882-1946) — учесник во НОВ на Македонија Илинка Јосифовска (1924- ) — учесник во НОВ на Македонија Саво Костовски (1925 - 1993) — македонски првоборец Чедо Шаревски (1933 - 1995) — универзитетски професор

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше