Маврови Анови — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Пред новата територијална поделба била седиште на истоимената општина, Општина Маврови Анови.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Мала Река, на брегот на вештачкото Мавровско Езеро, меѓу шумовитите и високите планини.
Историја Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.мини|лево|Споменик во Маврови Анови посветен на 52 градежни работници на хидросистемот „Маврово“ кои на 11 февруари 1956 година загинале при снежна лавина.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 167 жители, од кои 137 Македонци, 16 Турци, 10 Роми, 2 Срби и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 121 жител, од кои 92 Македонци, 2 Албанци, 16 Турци, 2 Роми, 1 Влав и 8 лица без податоци.
Самоуправа и политика
мини|десно|ЦОУ „Денче Дејановски“ во Маврови Анови
Пред новата територијална поделба Маврови Анови биле седиште на истоимената општина, Општина Маврови Анови. По новата поделба тоа потпаднало во рамките на Општина Маврово и Ростуше. Денес во Маврови Анови е сместено седиштето на Одделението за урбанизам, комунални дејности, угостителство и туризам при Општина Маврово и Ростуше.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше