Присојница — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на десниот брег на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 820 метри.
Селото е сместено на падините на Дешат и е на иста височина како соседното село Скудриње. Селото е богато со вода и поседува доста мали извори.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Осој, Кала, Срт, Плоча, Мерис, Црвен Камен, Старо Село, Ограѓе, Топилиште, Присој, Поле, Сплжаи, Тумба, Римник, Кошара, Голем Камен, Горно и Долно Брдо и Млака.
Селото има збиен тип и низ самото село поминува пат. Поделено е на маала: Асановци, Рамчевци, Демировци и Мучовци.
Присојница е оддалечено 16 километри северозападно од градот Дебар, а од општинското средиште Ростуше е оддалечено 6 километри.
Историја
Селото не поседува траги од христијанско население, иако самите мештани кажуваат дека селската џамија е подигната на темели од стара црква, како што е наоѓалиштето На Црков. Целокупното негово население е муслиманско, кои говорат на мијачки дијалект.
Во век, Присојница било село во Реканската Каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Селото поседува мошне мал атар, кој зафаќа простор од само . На него преовладуваат шумите на површина 189 хектари, пасиштата заземаат 96 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 38 хектари.
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Присојница било село со 100 домаќинства и 232 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Присојница има 400 жители, Македонци муслимани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.263.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Присојница се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 64 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.
Селото е средно по големина, со благ пораст на населението. Така, во 1961 година броело 253 жители, од кои 237 биле Турци, а 10 жители Македонци. Во 1994 година бројот се зголемил на 332 жители, од кои 21 Македонец, 13 Албанци, 1 Турчин и 297 се изјасниле како останати, но секако се Македонци со исламска вероисповед.
Според пописот од 2002 година, во селото Присојница живееле 315 жители, од кои:
Македонци: 232 Албанци: 2* Турци: 66* Бошњаци: 6* останати: 9*
*Жителите кои се изјасниле како Турци, Албанци, Бошњаци или останати, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 259 жители, од кои 33 Македонци, 4 Албанци, 74 Турци, 4 Бошњаци, 140 останати и 4 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Присојница:
Година Македонци Албанци Турци Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — 348 1953 218 6 151 — 2 — 377 1961 10 0 237 — 6 — 253 1971 40 0 217 — 7 — 264 1981 51 0 23 — 228 — 302 1991 41 0 2 — 309 — 352 1994 21 1 13 — 297 — 332 2002 232 2 66 6 9 — 315 2021 33 4 74 4 140 4 259
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Општествени установи
Основно училиште „Блаже Конески“, подрачно основно училиште до петто одделение во состав на ОУ „Блаже Конески“ - Скудриње
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Ростуше, во која покрај Присојница се наоѓале и Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Ростуше, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Присојница, во која влегувале селата Аџиевци, Јанче, Присојница и Скудриње.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0466 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 366 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — средновековна утврдена населба; На Црков — средновековна црква; Ограѓе — средновековна некропола; и Урдобар — средновековна некропола.
Џамии Џамија — главна селска џамија
Галерија
Наводи
Поврзано Долна Река Општина Маврово и Ростуше
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Рекански села