Селце — село во Општина Маврово и Ростуше, во рамките на областа Мала Река. Селото се наоѓа на Селечка Река, чиј извор се наоѓа на самото сретсело.

Географија и местоположба

Селце е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово и Ростуше. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат Дебар — Гари.

Сместено е високо на планината Бистра, на надморска височина од 1357 метри, при што на самото сретсело се наоѓа селска чешма, изградена во 1998 година од страна на месното население. Веднаш крај чешмата се наоѓа и изворот на Селечка Река. Селото е оддалечено 22,5 километри источно од градот Дебар.

Атарот на селото зафаќа 17 км2.

Историја

Во осмалиско-турските документи од втората половина на век, за Селце било напишано дека било напуштено од страна на жителите на селото.Тодоровски, Глигор. „Малореканскиот предел. Општествено-економски и просветни прилики во 80-те години на XIX век до крајот на Првата светска војна“, Скопје 1970, стр. 16-17

Селото во своите најдобри времиња имало околу 80 куќи и со тоа припаѓало на најмалите села во долнореканскиот крај. Денес, нивната бројност е уште намалена и останати се одвај четвртина од нив.Според кажување на месен жител; забележано на 5 јули 2015 година од страна на Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски, Никола Цибрев, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Население Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 420 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Селце се води како чисто македонско село во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 80 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Селце имало 640 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Иселувањето во Селце започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само 62 жители според пописот од 1961 година.

Денес, селото Селце е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител. Селото било целосно напуштено уште во текот на 1960-тите години.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Родови Селце е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото:

Ропановци-Јазевци доселени се од Мариово; Дамјановци (8 к.); Пулевци; Степановци; Поповци доселени се од Тресонче, сите се иселени во Лом Паланка (Бугарија); Поповци, Чибуковци и Бужаровци доселени се од Галичник; Гуржовци (14 к.) доселени се и они од Галичник.

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква во Селце

Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуше, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Селце, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Росоки и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.

Личности Личности родени во Селце:

Кара Матеја Брајковска — учесник во НОВ на Македонија

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Свети Илија“ — главна селска црква;

Редовни настани

Илинден — селска слава

Иселеништво

Главно иселувањата на жителите од селото Селце биле во насока на Скопје, Битола и во Бугарија.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Села со слава Илинден во Македонија