Требиште — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река.

Потекло на името

Селото првпат е забележано како Требиштем во документ од 1426 година, што може да има повеќе значења. Првото е да доаѓа од паганското значење на „требиште“ како жртвеник, олтар, вакавско земјиште или света шума. Второто е да доаѓа од „требено место“ или очистено место. Третото е од основата треб- што доаѓа од глаголот треби. И последното е дека доаѓа од „требиште“ што означува очистено место од дрвја и камења и претворено во нива.

Географија и местоположба

Требиште се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, од десната страна на реката Радика, чиј атар се издига на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри.

Селото е сместено на средно висока тераса, под Вели Врв на Дешат. Поседува бројни извори на вода и чешми.

Месности во атарот на селото се следниве: Костадинов Лаз, Крушевица, Слатина, Банатски Дол, Пирок, Лојза, Параспур, Млаче, Шумица, Јавори, Виница, Рид, Леовец, Брдце, Планина, Осој, Лопушник, Корија, Старо Гумно, Коритишча, Горна Равен, Колиба, Лок, Чука, Пароски Ливади, Средорек, Старо Бачило, Сара, Ѓинина, Студена Вода и Бара.

Селото има збиен тип и куќите се збиени на горниот дел од терасата, додека подолу се наоѓаат ниви, а над него се наоѓа шума. Мал дел од куќите се издвоени со поток од останатиот дел од селото.

Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир. До селото води асфалтен пат, а поголемиот дел од куќите се нови и современи.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.

Оддалечено е 23 километри североисточно од градот Дебар и 4 километри северно од општинскиот центар Ростуше.

Историја

Во минатото постоело село под денешната местоположба под името Ореово, веднаш до самата Радика. Тоа село било уништено од страна на јаничарите и останал само извесен Ѓорѓи. Подоцна, јаничарите се вратиле и ја запалиле куќата на тој Ѓорѓи, за потоа и тој да замине. Од ова село се наоѓаат остатоци од црква и гробишта.

Денешното село е основано од доселеници од Порече во расчистен дел „Требиш“. За време на потурчувањето, дел од Мијаците биле исламизирани. Старите гробишта, додека биле христијани, се наоѓа во месноста Пирок.

Во век, Требиште било село во Реканската Каза на Отоманското Царство. Пред 1885 година при обединувањето на нахиите Горна и Долна Река, селото било седиште на казата. Кон крајот на 1887 година, седиштето на казата било преместено во Жировница.Osmanli Yönetiminde Makedonya (Македонија во времето на османлиското владеење), Istanbul 2005, p.12-13, 16-17.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото зафаќа простор од . На него преовладуваат шумите на површина 1.014 хектари, пасиштата заземаат 358 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 120 хектари.

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Население

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Требиште било село со 150 домаќинства и 409 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година во селото имало 832 Македонци (192 христијани и 640 муслимани).Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Требиште имало 336 Македонци под врховенството на егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Требиште се води како македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 129 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Требиште е големо село, коешто во 1961 година броело 904 жители, од кои 640 биле Турци, 233 Македонци и 28 Албанци. Во 1994 година бројот се зголемил на 1.106 жители, од кои 156 биле Турци, 39 Албанци, 22 Македонци, а 889 се запишани како останати.

Според пописот од 2002 година, во селото Требиште живееле 765 жители, од кои:

Македонци: 303 Албанци: 159 Турци: 277 Бошњаци: 18 останати: 8

* Жителите кои се изјасниле како Албанци, Турци и Бошњаци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 498 жители, од кои 34 Македонци, 55 Албанци, 144 Турци, 19 Бошњаци, 204 останати и 42 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Требиште:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — 940 1953 354 268 399 1 — 2 — 1.024 1961 233 28 640 1 — 2 — 904 1971 379 0 414 0 — 355 — 1.148 1981 51 4 36 0 — 1.075 — 1.166 1991 17 33 52 0 — 1.118 — 1.220 1994 22 39 156 0 — 889 — 1.106 2002 303 159 277 0 18 8 — 765 2021 34 55 144 0 19 204 42 498

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

Во Требиште отсекогаш живееле Македонци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Велебрдо живееле следните македонски муслимански и христијански родови:

Поповско Маало: Поповци, Кушеловци, Скилевци и Гиговци, кои имаат (31 к.) и доселени се од околината на Бабуна (Велешко) пред 200 години. Аџиновско Маало: Демировци (32 к.), Зенговци (6 к.) и Рустемовци (6 к.), доселени се од областа Матија во Албанија пред 400 години и целосно се измешани со торбешкото население. Јоџинско Маало: Истрефовци, Кубуровци, Куртовци и Драчевци (33 к.), некои избегале во селото Бањица кај Гостивар. Во ова маало е и родот Садиковци (8 к.), доселен од селото Велебрдо пред 180 години. Поречковци (4 к.), доселени се од областа Порече. Анѓелковци (5 к.), доселени се од селото Броштица, Дебарско. Сараќиновци (4 к.) и Веловци (1 к.).

Општествени установи

Основно училиште „Хајан Селмани“ (во минатото ОУ „Ѓорѓија Пулевски), подрачно основно училиште на ОУ „Хајан Селмани“ - Ростуше

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Ростуша, во која покрај Требиште се наоѓале и Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Присојница, Ростуша и Сушица. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на истоимената општина, во која било единствено село.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0470 и 0470/1 според Државната изборна комисија, сместени во простории на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.219 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|220п|десно|Главната селска црква „Св. Ахил Лариски“

Цркви Црква „Св. Ахил Лариски“ — главна селска црква

Џамии Џамија — главна селска џамија

Леднички езераВасилески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mountain Desat. АД Напредок, Тетово; стр. 53-54 Локув Сува Бара Северно Гашово Езеро (првично познато како Северно Требишко Езеро) — мало ледничко езеро по врвот Веливар Јужно Гашово Езеро (првично познато како Јужно Требишко Езеро) — мало ледничко езеро по врвот Веливар

Реки Требишка Река — тече низ селото, притока на Радика

Личности

Родени или потекло од Требиште

Милја Лазарова — учесник во НОВ на Македонија Милјана Билбилоска — учесник во НОВ на Македонија Дилба Негриева Ефтимова — учесник во НОВ на Македонија Симон Максевски (?-?) — резбар

Галерија

Наводи

Поврзано Долна Река Општина Маврово и Ростуше Требиште — истоимен остров во Палмеровиот Архипелаг на Антарктикот

Надворешни врски

Категорија:Рекански села Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше