Белица — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато како „Белица“ во турски документи од 1468 година. Името потекнува од бел, семантички еквивалент на „Бела Река“. Преземено од хидронимот Белица, настанат од придавната синтагма „Бела (Вода)“ од бел „кој има боја на снег, на млеко: прозрачен, чист“.

За името Белица постојат две теории, едната вели дека поради белата бистра река се нарекло Белица, а додека другата теорија вели дека село е наречено по легендата за некоја девојка Белаица, која во тој период требало да се потурчи, не не прифатила и се фрлила во реката и по тоа селото и реката го носат името Белица.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Белешница пред вливот во Треска

Селото се наоѓа во областа Порече, на крајниот источен дел од Општина Македонски Брод, чиј атар високо се издига меѓу планините Караџица и Даутица. Селото е рамнинско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 34 километри.

Белица има еден од поголемите атари по површина во Македонија, со вкупна големина од 89 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.029,8 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.632 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 145,4 хектари.

Низ селото тече реката Белица, којашто е притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата.

Во близина на селото постојат бројни подземни пештери, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.

Селото се дели на две маала: Долна и Горна Белица, кое пак е дополнително раситнето на неколку подмаала.

Историја

Белица во минатото се викала Виниче но поради некоја болест населението во него изумрело. Подоцна, селото настанало со доселување од неколку села, како од селата: Бенче, Рамне и еден мал дел од Локвица.

Во век, Белица било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долна Белица имало 26 жители, а во селото Горна Белица имало 180 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белица имало 320 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-154.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белица се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 16 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.

И ова село, како и сите останати во општината, било зафатено со миграциските движења. Во 1961 година, Белица броела 376 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 146 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Белица имало 106 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 36 Македонци и 1 лице без податоци.

Родови

мини|300п|десно|Артефакт од археолошкото наоѓалиште Миткороен во селото претставен во Најмалиот етнолошки музеј на светот во селото Џепчиште

Белица е македонско село.

Според истражувањата од 1926 година, родови во Белица се:

Доселеници: Павлевци (11 к.), Анѓелевци (11 к.), Соколевци (10 к.) и Милевци (1 к.), доселени се од селото Бенче, а во Бенче (според преданието) доселени се од Закамен; Димитриовци (7 к.), доселени се од Рамне каде припаѓале на родот Степановци, подалечно потекло од Закамен; Пројковци-Тремчевци (8 к.), доселени се од Локвица од родот Кусовци; Шкорлевци (1 к.), доселени се од Ново Село, родот таму е доселен од Скадар во Албанија; во долна Белица има две куќи од родот Анѓелевци.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец, Модриште и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Белица се наоѓале селата Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0262 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.

На Локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи. На Претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Пантелејмон“

Археолошки наоѓалишта„Археолошка карта на Република Македонија“, Том 2, издание на МАНУ, Скопје, 1996. Варница — некропола од доцноантичкото време; Кале — градиште од доцноантичкото време; Миткороен — утврдена населба од доцноантичкото време; Ридот — населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола; Столоватец — градиште од доцноримско време; Глибовец — кастел од доцноантичкото време; Аништа — некропола од средниот век; и Влак — некропола од средниот век.

Цркви Црква „Св. Пантелејмон“ — главна селска црква, изградена во 1889 година; Црква „Св. Никола“ (нарекувана и „Св. Илија“) — изградена во XVI век; Црква „Вознесение Христово“ — помала црква на пат кон селото; Црква „Св. Троица“; и Црква „Св. Талалеј“.

Пештери Голубарник — позната е по специфичните лилјаци, уникатниот бисер и загадочниот човечки череп; Лапарница — според категоризацијата на пештерите во Македонија, оваа пештера спаѓа во групата на забележителни пештери; и Момичек — важи за една од наколоритните пештери во Македонија.

Реки Белица — десна притока на Треска, заштитен споменик на природата

Личности

Родени во или по потекло од Белица Змејко Димитриоски (1861 - 1952), комита и војвода од село Белица Лозан Тримчески - комита од Отоманскиот период Сарафин Атанасоски - комита од Отоманскиот период Секула Цветаноски - комита од Отоманскиот период Младен Димитриовски - комита од Отоманскиот период Иво Миновски - комита од Отоманскиот период Пројко Тримчески - комита од Отоманскиот период Крсте Тримчески - комита од Отоманскиот период Мирче Ванески - учесник во Прва светска војна Никола Венески - учесник во Прва светска војна Алексо Крстески - учесник во Прва светска војна Максим Момировски - учесник во Прва светска војна Трајче Ќимоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна, стр.257 Мисајле Ѓурчиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Богдан Илиовски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Крсте Севкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Мисајле Боrданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Петре Крстески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Блаже Ѓорѓиоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Димитрија Боrданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Крсте Милошески (1909 - 1943) — загинат во НОБ. Крсте Секулоски (1896 - 1944) — загинат во НОБ. Ленка Милошеска (1911 - 1943) — загината во НОБ. Атанаско од Соколевци - учесник во НОБ. Илија Ванески - учесник во НОБ. Стеван Ванески - учесник во НОБ. Димко Михајлоски - учесник во НОБ. Спасе Богатиноски - учесник во НОБ. Цветко Трајкоски - учесник во НОБ. Стојан Богески - учесник во НОБ. Тале Аврамоски - учесник во НОБ. Атанас Михајлоски - учесник во НОБ. Стеван Велкоски - учесник во НОБ. Иво Јовески - учесник во НОБ. Мисајле Михајлоски - учесник во НОБ. Душан Атанасоски - учесник во НОБ. Драгутин Огненоски - учесник во НОБ. Велимир Михајлоски - учесник во НОБ. Стојко Аврамоски - учесник во НОБ. Саве Андреески - загинат во НОБ во околината на село Групчин. Дане Атанасоски - учесник во НОБ. Богатин Богатиноски - Боце (1981 - 2021) - бранител во Конфликтот од 2001 година

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Репортажа за селото

Категорија:Села во Македонија Категорија:Поречки села Категорија:Села во Општина Македонски Брод