Сушица — раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Мала Река, на падините на Бистра. Оддалечено е 16 километри источно од градот Дебар.

Историја Во век, Сушица било село во Реканската Каза на Отоманското Царство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 156 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Сушица имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сушица се води како чисто македонско село во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 24 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.

Селото е наполно раселено по 1953 година, кога броело само 49 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според пописот од 2002 година, во селото Сушица немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

За Сушица се говори дека е најстаро село во мијачкиот крај. Родовите во селото се староседелски доселени од старото село Сушица.

Родови во Сушица се: Веловци, Митровци, Ставревци, Проковци, Коловци, Андоновци, Ѓоргевци, Ефтимовци, Цветковци, Угриновци, Мартиновци, Павлевци, Мијатовци и Јосевци, сите доселени од Старо Сушица.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Раселени села во Македонија