Салвадор Дали (цело име: Салвадор Доменек Фелип Жасинт Дали и Доменек, маркиз де Пубол, , ; - Фигерас, ) — шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Делото на Дали е забележливо по неговата впечатлива комбинација на бизарни халуцинантни претстави и извонредна сликарска умешност под влијание на ренесансните мајсториDalí, Salvador. (2000) Dalí: 16 Art Stickers, Courier Dover Publications. .. Дали е уметник со огромни талент и имагинација. Тој има признаено дека често сака да прави необични нешта со цел да го привлече туѓото внимание, што некогаш ги иритира и оние што ја сакаат неговата уметност како и оние што го критикуваат, со оглед на тоа што неговиот ексцентричен однос знае да го засени неговото дело во окото на јавноста.
Цртежите му се изведени до совршенство и секогаш во простор, во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се врати во Шпанија и работеше комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет.
Животопис Рана биографија thumb|250px|right|250px|Салвадор Дали со неговите познати мустаќи и со неговата мачка.
Салвадор Дали се родил на 11 мај 1904, во 8:45 часот изутринаBirth certificate and , во Фигерас, блиску до француска граница, во Каталонија, Шпанија. Неговиот постар брат исто наречен Салвадор, починал девет месеци пред тоа, на 1 август 1903. Неговиот татко, Салвадор Дали и Кузи, бил среднокласен адвокат и нотарLlongueras, Lluís. (2004) Dalí, Ediciones B – Mexico. ., чиишто достигнувања биле потпомогнати од неговата жена, Фелипа Доменех Ферес, која ги охрабрила нејзините синови да бидат уметнички настроениRojas, Carlos. Salvador Dalí, Or the Art of Spitting on Your Mother's Portrait, Penn State Press (1993). ..
Кога имал пет години, Дали бил однесен на гробот на неговиот брат каде неговите родители му рекле дека тој е негова реинкарнацијаSalvador Dalí. SINA.com. Посетено на July 31, 2006., во што и тој самиот започнал да веруваSalvador Dalí biography on astrodatabank.com. Retrieved September 30, 2006.. За неговиот брат, Дали рекол: „Ние двајца си наликувавме како две капки вода, но имавме различни рефлексииDalí, Secret Life, p.2. Тој најверојатно беше мојата прва верзија, но сфаќал премногу апсолутистички“. Дали исто така имал и сестра, Ана Марија, која била три години помлада од него. Во 1949 таа објавила книга за нејзиниот брат, Дали во очите на неговата сестра. Неговите пријатели од детството се појавуваат подоцна во фудбалскиот тим на ФК Барселона, Сагибарба и Јозеф Самитер. За време на неговите одмори во Каталонскиот ресорт, Кадакес, тие играле фудбал заедно.
Дали посетувал сликарско училиште. Во 1916, Дали исто така го открил правецот на модерното сликање додека бил на одмор со фамилијата на Рамон Пишот, локален уметник кој постојано патувал во Париз. Следната година, таткото на Дали направил изложба на неговите дела во нивниот дом. Неговата прва јавна изложба била во Фигерас во 1919.
Во февруари 1921 година, мајката на Дали умрела од рак на дојка. Дали имал 16 години; тој подоцна изјавил дека смртта на мајка му „беше најголемиот удар што го доживеав во мојот живот. Му се поклонив ... Не можев да се повлечам од губењето на битието на кое сметав дека ќе ги направи невидливите неисправни мисли на мојата душа“Dalí, Secret Life, pp.152–153. По нејзината смрт, таткото на Дали се оженил со сестрата на починатиот сопруг. Дали не го негирал овој брак, бидејќи имал голема љубов и почит кон својата тетка.
Мадрид и Париз
Во 1922, Дали се преселил во студентски дом во Мадрид и таму студирал на Уметничката академија, Сан Фернандо. Виткиот 1.72 м, високAs listed in his prison record of 1924, aged 20. However, his hairdresser and biographer, Luis Llongueras, stated Dalí was tall., Дали веќе привлекол внимание како ексцентрик, со долга коса и бакенбарди, капут, чорапи и панталони со колена, во стил на англиски естетичар во доцниот 19 век. Во Мадрид тој се стеклан со пријатели како Пепин Бело, Луи Бунуел, и со поетот Федерико Гарсија Лорка. Во пријателството со Лорка имало и елементи страст,For more in-depth information about the Lorca-Dalí connection see Lorca-Dalí: el amor que no pudo ser and The Shameful Life of Salvador Dalí, both by Ian Gibson., но Дали ги негирал било каквите еротски склоности на поетотBosquet, Alain, Conversations with Dalí, 1969. p. 19–20. (PDF format) (of García Lorca) 'S.D.: Тој беше хомосексуалец, како што секој го знае, и лудо вљубен во мене. Тој се обиде двапати да ме наврати ... Бев многу вознемирен, бидејќи јас не бев хомосексуалец, и не ме интересираше тоа. Освен тоа, болеше. Така ништо од тоа не дојде. Но, се чувствував ужасно поласкан во однос на престижот. Длабоко долу почувствував дека тој е голем поет. Тој на крајот зеде млада девојка, и таа ме замени во жртвата. Не можејќи да ме натера да го ставам мојот газ на располагање, се заколна дека жртвата на девојката била споредлива со сопствената: тоа беше првпат кога спиел со жена.'.
Но неговите уметнички дела, каде експериментирал со кубизам, го привлекле вниманието на многумина студенти. Во неговите најрани кубистички дела, тој веројатно и не го сфатил новиот правец кој го развил, сè додека не почнале да се појавуваат натписи во тогашните списанија, во кои се укажувало дека не постоеле други кубистички сликари во Мадрид во тоа време. Дали исто така експериментирал со Дадаизам, што многу влијаело на неговиот понатамошен живот.
Дали бил исфрлен од академијата во 1926 кратко пред неговите завршни испитиSalvador Dalí: Olga's Gallery . Посетено на July 22, 2006., кога констатирал дека никој од факултетот не е квалификуван доволно да го испитува неговото знаење. Неговата неприкосновеност во тоа време е забележана во неговото реалистичко дело, „Кошница со леб“, кое го насликал во 1926 година. Истата година тој за првпат го посетил Париз каде се сретнал со Пабло Пикасо., кому Дали му се восхитувал. Пикасо веќе имал слушанато за Дали од Јоан Миро. Дали насликал многу дела инспирирани од Пикасо и Миро во наредните неколку години, како што го развивал и својот стил.
Некои трендови во работата на Дали, кои продолжиле во текот на неговиот живот, веќе биле очигледни во 1920-тите. Дали имал влијанија од многу стилови на уметност, кои се движат од повеќето академски класични до најсовремена авангарда. Неговите класични влијанија ги вклучуваат Рафаел, Бронѕино, Франсиско де Сурбаран, Јоханес Вермер и Диего Веласкес. Тој ги користел и класичните и модернистичките техники, понекогаш во одделни дела а понекогаш и во комбинација. Изложбите на неговите дела во Барселона привлекле големо внимание, заедно со мешавина на пофалби и збунета дебата од критичарите.
Во текот на Втората светска војна thumb|250px|right|250px|Салвадор Дали и Мен Реј thumb|250px|right|250px|Музејот Дали
Во 1929 година, Дали соработувал со надреалистичниот филмски режисер Луис Буњуел на краткиот филм, Андалусиско куче. Тој главно бил задолжен да ја напише скриптата за филмот.
Исто така таа година ја сретнал и својата муза, инспирација и идна сопруга ГалаShelley, Landry. "Dalí Wows Crowd in Philadelphia" . Unbound (The College of New Jersey) Spring 2005. Посетено на July 22, 2006., родена како Елена Ивановна Диаконова, руски имигрант.
Истата година, Дали се соочил со важни изложби и официјално се приклучил кон надреалистичката група во Монтпарнас во Париз (иако неговата работа веќе била под влијание на надреализмот веќе две години).
Во 1931 година, Дали насликал едно од неговите најпознати дела, Доследноста на сеќавањетоClocking in with Salvador Dalí: Salvador Dalí's Melting Watches (PDF) from the Salvador Dalí Museum. Посетено на August 19, 2006.. Понекогаш наречено “Меки Часовници” ова дело ја вовело надреалистичната слика на мекиот, топлив џебен часовник. Општата интерпретација на делото е дека меките часовници ја побиваат претпоставката дека времето е сурово или детерминистичко, и ова чувство е поддржано од други слики во делото, како што е широко распространетиот пејзаж и мравкитеSalvador Dalí, (Paris: Éditions surréalistes, 1935), p. 25..
Дали и Гала живееле заедно до 1929 година, а се венчале во 1934 година. Тие повторно се венчале со католичка церемонија во 1958 годинаCarré d'Art, Jean-Pierre Thiollet, Paris, Anagramme, 2008, p. 212.
Дали бил претставен во Америка од страна на продавач на слики Жилиен Леви во 1934, и изложбата на сликите на Дали (вклучувајќи ја и Доследноста на сеќавањата) во Њујорк создала непосредна сензација. На балот, кој бил организиран во негова чест, тој се појавил носејќи на неговите гради стаклена кутија полна со бакарни пари.
Во 1936 година, Дали учествувал во Лондонската Интернационална надреалистичка изложбаJackaman, Rob. (1989) The Course of English Surrealist Poetry Since the 1930s, Edwin Mellen Press. .. Тој пристигнал носејќи стап за билијард и пар руски кучиња ловци на волци, па морал да го одврти шлемот што го носел бидејќи едвај дишел. Притоа прокоментирал: „Само сакав да ви покажам дека продирав длабоко во човековиот ум.“
Во текот на Шпанската граѓанска војна, Дали останал аполитички настроен, борејќи се за нејзиниот што поскорен крај. Неговите надреалистички пријатели, кои биле претежно марксисти, тежнееле кон неговото исфрлување од групата. Надреалистите отсега па натаму зборувале за Дали во минато време, како тој да бил мртов. Надреалистичкото движење и некои од членовите на ова движење продолжиле да водат екстремни полемики против Дали, сè до времето на неговата смрт.
„Во текот на овој период Дали не престана да пишува“, напишале Роберт и Николас Дешарнес. Во 1941, тој напишал филмско сценарио за Џин Габин наречено "Moontide". Тој направил каталози за неговите изложби како онаа во Кнодлер галеријата (во Њујорк во 1943) каде дофрлил: “Надреализмот во најмала рака ќе служеше да даде експериментален доказ дека тоталниот стерилитет и испитувања во автоматизацијата отидоа предалеку што доведе до тоталитарен систем... Денешната мрзеливост и тотален недостаток на техника го достигнаа нивниот пароксизам во психолошко значење на употребата на зборот колеџ.“ Тој исто така напишал новела, издадена во 1944, за моден салон за автомобили.
Само што почнала Втората светска војна во Европа, Дали и Гала се преселиле во САД во 1940, каде што живееле осум години. Во 1942, ја издал својата автобиографија, „Тајниот живот на Салвадор Дали“ (The Secret Life of Salvador Dalí).
Италијанска калуѓерка, Габриела Марија Берарди, тврдела дека извршила егзорцизам над Дали додека тој бил во Франција во 1947Dalí's gift to exorcist uncovered Catholic News, October 14, 2005. . Кај калуѓерката била најдена скулптура од Исус на крст, која што му била дадена на еден егзорцист од страна на Дали со цел да му заблагодари. Скулптурата била откриена во 2005 и двајца шпански експерти во областа на надреализмот потврдиле дека постојат адекватни стилски причини кои укажуваат дека скулптурата е направена од Дали.
Симболизам
Делата на Дали се одликуваат со распространет симболизам. На пример, меките часовници што за првпат се појавуваат во Доследноста на сеќавањeто (The Persistence of Memory) ја поддржуваат Ајнштајновата теорија дека времето е релативно, а не фиксно. Идејата за симболичното функционирање на часовниците на ваков начин, му се јавила на Дали кога еден топол ден во август беспрестан гледал во парче сирење камамберSalvador Dalí, The Secret Life of Salvador Dalí (New York: Dial Press, 1942), p. 317..