Максанс Фермин (француски: Maxence Fermine), (1968, Албервил - ) е современ француски писател. мини|М.Фермин во Монпелје, 2011 година. Животопис Максанс Фермин е роден во 1968 година во Албервил, а детството го поминал во Гренобл. Некое време престојувал во Париз и во Африка, по што се преселил во Савоја каде што живее денес. Покрај со пишување, Фермин има одредено искуство и како џез-гитарист.
Творештво мини|десно|М.Фермин во 2010 година. Своето деби на литературната сцена Фермин го доживеал во 1999 година со својот краток роман Снег, со кој се стекнал со светска слава. Овој роман бил прифатен со воодушевување како од публиката, така и од критиката.
Творештвото на Фермин ги опфаќа следниве дела:Владимир Мартиновски, „Рапсодија во бело“, во: Максанс Фермин, Снег. Скопје: ИЛИ-ИЛИ, 2005, стр. 81.Владимир Мартиновски, „Рапсодија во бело“, во: Максанс Фермин, Снег. Скопје: Младински културен центар, 2012, стр. 83. Снег (роман), 1999 Црната виолина (роман), 1999 Пчеларот (роман), 2000 Мудростите и подигрувањата на Конфуциј, царот без царство (раскази), 2001 Опиум (роман), 2002 Билијар блуз (роман), 2003 Амазон (роман), 2004 Танго Масаи (роман), 2005 Лавиринт на времето (роман), 2006 Гробишта на ѕвездите (роман), 2007 Воените записи на Викторијан Марс (роман), 2008 Пеперутката од Сијам (роман), 2010 Рум Кариби (роман), 2011
Наводи <наводи>
Категорија:Француски писатели Категорија:Родени во 1968 година