ПФК Черно Море Варна (), или само Черно Море — бугарски професионален фудбалски клуб од градот Варна, кој во моментов се натпреварува во Првата фудбалска лига во Бугарија.
Името на клубот доаѓа по Црно Море и бил официјално основан на 18 февруари 1945 година, кога две фудбалски екипи од градот ФК Владислав (1916) и ФК Кометал Тича (1909) се споиле, формирајќи го новиот клуб. Своите домашни натпревари ПФК Черно Море ги игра на стадионот Тича, кој има капацитет од 8,250 гледачи.
ПФК Черно Море бил победник на Бугарскиот куп во 2015 година, како и двократен финалист на истиот турнир во 2006 и 2008 година. Во првенството на двапати го освојувал третото место, и тоа во 1953 и 2009 година. Во 2015 година го освоил Суперкупот на Бугарија.
Титули
„А“ футбалска Лига 3 место во „А“ футбалска Лига – 1953, 2009 4 место во „А“ група –1969,1982
Куп на Бугарија Победник - 2015 Финалист - 2006 и 2008
Суперкуп на Бугарија Победник - 2015
Куп на Советската Армија Финалист 1985, 1988
Надворешни врски Official website UEFA Profile
Наводи
Категорија:Фудбалски клубови од Варна Категорија:Фудбалски клубови од Бугарија Категорија:Спортот во Варна