е јапонски пливач. Тој пливал за Јапонија на Летните олимписки игри во 2004, 2008, и 2012. На игрите во Лондон, тој освоил бронзен медал во дисциплината 200 м делфин со азиски рекорд од 1:52.97. На 12 ноември 2011, Мацуда поставил јапонски национален рекорд со време од 1:49.50 на Светскиот куп на ФИНА на краток курс во дисциплината 200 м делфин. Со тоа, тој станал третиот пливач во историјата кој ја соборил бариерата од 1:50 во дисциплината.http://www.swimmingworldmagazine.com/lane9/news/World/28692.asp?q=FINA-World-Cup,-Tokyo:-Takeshi-Matsuda-Rattles-200-Fly-World-Record-During-Day-One-Finals

Кариера Рани години Мацуда почнал со пливањето на 4 годишна возраст во локалниот базен во Нобеока, Мијазаки, Јапонија, релативно рурален град со мала историја во пливањето. Од тогаш, тој тренира со неговиот тренер, Јумико Кузе, која е една од ретките женски тренери во машкото пливање во светот. Таа била пливач во младоста и станала волонтер тренер во локалниот базен.

Летни олимписки игри 2004 На Летните олимписки игри 2004 во Атина, Мацуда се пласирал на 8. место во финалето на 400 м краул.

Летни олимписки игри 2008 Во финалето на 200 м делфин на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, тој завршил на 3. место и го освоил бронзениот медал. Тој завршил зад Мајкл Фелпс и Ласло Чех, со време од 1:52.97, што претставува азиски рекорд.

Летни олимписки игри 2012 На Летните олимписки игри 2012, Мацуда освоил два медали. Тој го одбранил својот бронзен медал на 200 м делфин и пливал во стилот делфин во јапонскиот штафетен тим на 4 x 100 м мешано заедно со Рјосуке Ирие, Косуке Китаџима, и Такуро Фуџи. Тој исто така пливал и на 100 м делфин, каде што го делел шеснаесеттото место во преелиминациите а потоа во препливувањето загубил од Бенџамин Штарк од Германија и не успеал да се пласира во полуфиналето.

Лични рекорди Долг курс 400м краул: 3:44.99 Јапонски рекорд (9 август 2008) 800м краул: 7:50.93 Јапонски рекорд (8 април 2007) 200м делфин: 1:52.97 Азиски рекорд (13 август 2008)

Краток курс 200м делфин: 1:49.50 Јапонски рекорд (12 ноември 2011)

Наводи

Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Јапонски пливачи Категорија:Пливачи на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки сребрени медалисти Категорија:Олимписки бронзени медалисти