Русјаци — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.
Потекло на името
мини|300п|лево|Поглед на селото
Името на селото првпат е споменато како „Русјак“ во век. Името потекнува од старословенскиот збор „Русјаци“ или пак од личното име „Русин“ со наставката „-ци“.
Постои предание дека селото првобитно се викало Јасика. Но тука некогаш поминале Козаци (Руси) кои биле истерани од Русија и биле примени да го чуваат Султанот. Еден Козак се загледал и се заљубил во една жена од селото, која му родила дете. Тоа копиле бил мал Русјак, па оттука сите околни села населението на Јасика почнале да го нарекуваат Русјаци. Но ова предание не може да биде веродостојно, бар не за XVIII век, бидејќи во историските документи ова село се споменува под името Русјак во 1476/77 година, кога имало имало 7 словенски христијански домаќинства.Аранђел Ц. Јеличић, Бруски трагови прошлости и садашњости, Библиотека „Хронике села“ 90, Брус 1999 – 2000, 237; Бачко, Максимовић, 182 – 184.
Географија и местоположба
мини|300п|десно|Споменик кај Русјаци, на местото каде што во ноември 1943 година бугарскиот фашистички окупатор, по ѕверско измачување убил пет борци на Првата Македонско-Косовска бригада
Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска. Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.
Атарот зафаќа простор од 13,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 844 хектар, на пасиштата отпаѓаат 389 хектари, а на обработливото земјиште 93 хектари.
Покрај селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Кичево.
Историја
Во век, Русјаци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Селото во основа има мешовита земјоделска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русјаци имало 430 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русјаци имало 440 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Русјаци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 50 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Селото од средно по големина преминало во мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 328 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Русјаци имало 43 жители, од кои 42 Македонци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 1 останат и 3 лица без податоци.
Родови
Русјаци е македонско православно село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите години на XX век родови во селото се: Станковци (12 к.), Мечкаровци (8 к.), Јанковци (7 к.), Чакаловци (3 к.), Несторовци (2 к.) и Вретенаровци (1 к.), староседелци, порано живееле во местото Горно Село, во родот Станковци се знае следното родословие: Насте (жив на 86 г. во 1961 година) Филип-Стојко-Нове-Милош, предокот Стојко преминал од местото Горно Село во денешното; Главиновци (2 к.) доселени се од поречкото село Суводол; Патерковци (6 к.), Џаџовци (3 к.) и Чулевци (3 к.), доселени се од селото Цер, Железник; Кркевци (2 к.), доселени се од некое село во Леринско, Егејска Македонија; Кунтафеловци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од прилепското село Ропотово; Поповци (1 к.), доселени се во турско време од селото Орланци и Латовци (1 к.) доселени се од селото Латово.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Несторовци (4 к.), Милошевци (30 к.), чии гранки се Србиновци, Кршковци и Пурјаковци; Бежановци (27 к.), чии гранки се Каровци и Суводолци, овие родови се доселени од Закамен, Малесија (според авторот од охридско) дошле Милош, Божин и Нестор; Кулевци (6 к.) доселени однекаде; Поповци (1 к.) доселени од селото Орланци.
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Главната селска црква „Воведение на Пресвета Богородица“
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Русјаци, во која влегувале селата Ореовец и Русјаци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Русјаци се наоѓале селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница и Преглево.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0226 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква и средиштен парохиски храм (Русјачка парохија), изградена во 1873 година; и Црква „Св. Пантелејмон“ — изградена во 1669 година;.
Личности
Родени во Русјаци Милосим Војнески (р. 1959) — политичар Трајан Никодинов Јовески — македонски револуционер од ВМОРО. Вангел Симјанов Кузманоски — македонски револуционер од ВМОРО. Насте Филипов Стојкоски — македонски револуционер од ВМОРО. Аце Србиноски — македонски партизан. Живко Дејаноски (1919 - 1944) — македонски партизан, загинат во НОБ., стр.222 Добрица Андреевска — учесник во НОВ на Македонија.
Иселеништво Од селото има големо иселување. Така тоа е пред целосно исчезнување. Постари иселеници има во Орланци (Тутунџиовци), Раштани (Пршевци). После Втората светска војна, до 1961 година од селото се иселиле преку 10 семејства во Кичево, Прилеп, Скопје, како и во Србија, во Белград и селото Јабука кај Панчево. Целосно изумрел родот Барбарчани кои биле доселени од раселеното село Барбарос во Порече.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Поречки села Категорија:Села во Општина Македонски Брод